settings icon
share icon
Прашање

Што е црквата?

Одговор


Многу луѓе денес црквата ја разбираат како објект. Ова не е библиското разбирање за црквата. Зборот “црква“ доаѓа од грчкиот збор ekklesia кој се дефинира како “собрание“ или “Повикани/те.“ Коренот на на значењето на “црква“ не е тоа за зграда, туку за луѓе. Иронично е тоа што кога ќе ги прашате луѓето која црква ја посетуваат, тие обично идентификуваат зграда. Римјаните 16:5 вели “‘. . . . и црквата во нивниот дом.“ Павле посочува кон црквата во нивниот дом – не на црквената зграда, туку на телото на верниците.

Црквата е телото Христово, од кои Тој е главата. Ефесјаните 1:22-23 вели: “и сè Му покори под Неговите нозе и Го постави глава над сите во Црквата, која е Негово тело, полнота на Оној +Кој исполнува сè во сè.“ Телото Христово е составено е составено од сите верници од денот на Педесетница (Дела втора глава) до Христовото враќање. Телото Христово опфаќа или се од два аспекти:

1) Универзалната црква се состои од сите оние кои имаат личен однос со Исус Христос. “Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени“ (1 Коринтјаните 12:13). Овој стих вели дека секој кој верува е дел од телото Христово и го има примено Духот на Христос како доказ. Универзалната црква на Бог се сите они кои примија спасение преку верата во Исус Христос.

2) Локалната црква е опишана во Галатјаните 1.1-2: “Павле – Апостол ... и сите браќа, кои се со мене, до црквите во Галатија.“ Овде гледаме дека во провинцијата во Галатија имало многу цркви – она што ние го нарекуваме локални цркви. Баптистичка црква, Лутеранска црква, Католичка црква, итн, не е црквата, како универзалната црква – туку е една локална црква, локално тело на верници. Универзалната црква се состои од тие кои се Христови и кои Му поверуваа за спасение. Овие членови на универзалната црква треба да бараат заедништво и усовршување во локалната црква.

Во краток преглед, црквата не е зграда или деноминација. Според Библијата, црквата е телото Христово – сите тие кои ја ставија својата вера во Исус Христос за спасение (Јован 3:16; 1 Коринтјаните 12:13). Локалните цркви се собирите на членовите од универзалната црква. Локалната црква е местото каде што верниците од универзалната црква можат целосно да ги применат принципите “тело“ од 1 Коринтјаните глава 12: охрабрување, учење, и градење на еден со друг во знаењето и благодатта на Господ Исус Христос.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е црквата?
© Copyright Got Questions Ministries