settings icon
share icon
Прашање

Што вели Библијата за тетовирањето и за перфорирањето на телото?

Одговор


Во Стариот завет на Израелците им се заповеда „ Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник; ниту засечувајте некакви знаци за себе. Јас Сум Господ!“ (Левит 19:28) Така да, поради тоа што денешните верници не се под силата на Старозаветниот закон (Римјани 10:4; Галатјани 3:23-25; Ефесјани 2:15), самиот факт дека има заповед за тетовирањето, треба да не натера да се замислиме дали тоа е нешто добро или не. Во Новиот завет не се кажува ништо за тоа дали верникот може или не може да се тетовира.

Што се однесува за тетовирањето или за поставувањето на обетки, најдобар начин да разберете дали тоа е нешто добро или не е да се замислите дали би можеле да Го замолите Бог да го благослови тоа нешто или да го искористи тоа за Неговите добри цели. „Според тоа, јадете ли, пиете ли, или ако правите нешто друго, правете сè за Божја слава!“ (1Коринтјани 10:31) Библијата не ни забранува да се тетовираме или да си поставиме обетки, но исто така, не ни дава основа да мислиме, дека тоа Му се допаѓа на Бог.

Друго прашање, на кое треба да му обратиме внимание е скромноста. Библијата нè учи да се облекуваме скромно (1Тимотеј 2:9) Еден од аспектите на тоа облекување е секое нешто, што треба да биде покриено со алишта де биде покриено по најдобар начин. Основната поента на скромноста е да не привлекуваме внимание врз себе. А тетовирањето и обетките на различни места по телото привлекуваат доста внимание.

Друг важен библиски принцип, за кој не се зборува конкретно во Библијата, е дали имаме некаков сомнеж за дејствието, за кое што станува збор. Ако мислиме дека тоа не би било угодно на Бога – подобро е да не го правиме. „ ...а сè што не е од вера, грев е.“ (Римјани 14:23) Ние треба да помниме дека нашите тела, како и нашите души, се искупени и Му принадлежат на Бога. И покрај тоа што 1 Коринтјани 6: 19-20 не се однесува директно за тетовирањето и поставувањето на обетки на различни места по телото, изразуваат еден основен библиски принцип: „ Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого Го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси? Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.“ Оваа голема вистина треба да извршува големо влијание врз тоа каде одиме и што правиме со нашите тела. Ако нашите тела Му принадлежат на Бога, ние треба да сме сигурни дека имаме „дозвола“ од Него, пред да почнеме да го „одбележуваме“ нашето тело со тетовирање или со перфорирање за обетки насекаде по него.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што вели Библијата за тетовирањето и за перфорирањето на телото?
© Copyright Got Questions Ministries