settings icon
share icon
Прашање

Што е систематска теологија?

Одговор


“Систематска“ се однесува на нешто кое е ставено во систем. Систематската теологија, е, според тоа, поделбата на теологијата во системи кои ги објаснуваат нејзините различни области. На пример, многу книги од Библијата даваат информации за ангелите. Ниту една книга не ги дава сите информации за ангелите. Систематската теологија ги зема сите информации за ангелите од сите други книги од Библијата и ги организира во систем наречен ангелологија. Тоа е она што е Систематската теологија – организирање на учењата на Библијата во категорични системи.

Правилната Теологија или Патерологија е проучувањето на Бог Таткото. Христологијата е проучувањето на Бог Синот, Господ Исус Христос. Пнеуматологија е проучувањето на Бог Светиот Дух. Библиологија е проучувањето на Библијата. Сотериологија е проучувањето на спасението. Еклисиологија е проучувањето на црквата. Есхатологија е проучувањето на последните времиња. Ангелологија е проучувањето на ангелите. Христијанска Демонологија е проучувањето на демоните од Христијанска перспектива. Христијанска Антропологија е проучувањето на човештвото од Христијанска перспектива. Хамартеологија е проучувањето на гревот. Систематската теологија е важна алатка која ни помага да ја разбереме и поучуваме Библијата на организиран начин.

Во прилог на Систематската теологија, постојат и други начини на кои теологијата може да се подели. Библиската теологија е проучувањето на одредена книга (или книги) од Библијата и истакнување на различните аспекти на теологијата на која таа се фокусира. На пример, Евангелието по Јован е многу Христолошко бидејки толку многу се фокусира на божественоста на Христос (Јован 1:1, 14; 8:58; 10:30; 20:28). Историска теологија е проучувањето на доктрините и како тие се развиле во текот на вековите на Христијанската црква. Догматската теологија е проучувањето на доктрините на одредени Христијански групи кои систематизирале доктрина – на пример, Калвинистичката теологија и диспензационалната теологија. Современата теологија е проучувањето на доктрините кои се имаат развиено или се во центарот на вниманието во последно време. Без разлика на каков начин теологијата се проучува, важно е дека теологијата се проучува.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е систематска теологија?
© Copyright Got Questions Ministries