settings icon
share icon
Прашање

Какво е христијанското разбирање за самоубиството? Што вели Библијата за самоубиството?

Одговор


Според Библијата самоубиството не влијае на тоа дали еден човек ќе влезе во рајот или не. Ако некој неверник се самоубие, тој не направил ништо друго освен тоа, што си го „забрзал“ патувањето кон огненото езеро. Но човекот, кој се самоубил сепак ќе отиде во пеколот, за тоа што го отфрлил спасението преку Исус Христос, а не поради тоа, дека извршил самоубиство. Во Библијата се споменуваат четворица мажи, кои се самоубиле: Саул (I Самуил 31:40), Ахитофел (II Самуил 17:23), Зимрий (II Царства 16:18) и Јуда (Матеј 27:5). Сите тие биле зли, нечесни, грешни мажи. Во Библијата н самоубиството се гледа како на убиство. И тоа навистина е така – се убиваш себеси. Бог е Тој, што има власт да решава кога и како ќе заврши нечиј живот. Да ја земеш таа власт во своите раце, според Библијата, е исто како богохулство.

Што пишува во Библијата за христијанин, кој извршува убиство? Мислам дека ако некој христијанин се самоубие, дека тој нема да го загуби своето спасение. Библијата не поучува, дека од моментот, во кој човек вистински поверува во Исус Христос, тој со сигурност добива вечен живот. (Јован 3:16) Според Библијата христијаните можат да бидат сигурни, дека ќе имаат вечен живот независно од тоа, што ќе им се случи. „ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот.“ (I Јован 5:13) Ништо не може да го раздели христијанинот од Божјата љубов! „Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту кое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјани8:38-39) Ако нема создание, што може да не оддели од Божјата љубов (а дури и христијанинот, кој извршува самоубиство е создание), тогаш ни самоубиството не може д го оддели од Божјата љубов. Исус умре за сите наши гревови ...и ако некој христијанин, во момент на силен духовен притисок и слабост, се самоубие, тоа исто така е грев, за кој Исус умре.

Со овие зборови не сакам да кажам, дека самоубиството е сериозен грев против Бога. Според Библијата самоубиството е убиство, а тоа секогаш е грев. Јас навистина ќе се посомневам во верата на некој, кој тврди дека е верник и покрај тоа се самоубива. Нема ситуација, која може да го оправда некого, кој си го одзема својот живот – особено ако тој некој е христијанин. Христијаните се повикани да го живеат својот живот за Бога – одлуката, кога да заврши нечиј живот, Му припаѓа на Бога, и само на Бога. Можеби добар пример за тоа, што претставува самоубиството за христијанинот е книгата Естир. Во Персија имало закон – кој што ќе влезе кај царот без да е поканет треба да биде убиен, освен ако царот не го протегне својот жезол кон него, во знак дека се смилува за него и дека му го спасува животот. За христијанинот самоубиството е како да се обидува да влезе со сила кај Царот, наместо да почека Тој да го покани да влезе. Бог ќе го протегне Својот жезол кон него и ќе му го зачува неговиот вечен живот, но тоа не означува, Му се допаѓа тоа што го направил тој. И покрај тоа што не се однесува конкретно за самоубиство може да се каже, дека I Коринтјани 3:15 добро го опишува тоа, што се случува со христијанинот, кој извршил самоубиство: „ ...самиот ќе се спаси, но така, како низ оган.“

English



вратете се назад на основната македонска страница

Какво е христијанското разбирање за самоубиството? Што вели Библијата за самоубиството?
© Copyright Got Questions Ministries