settings icon
share icon
Прашање

Како да знам кој е мојот духовен дар?

Одговор


Не постои магична формула или одлучувачки тест кој точно може да ни каже кои се нашите духовни дарови. Светиот Дух Ги дава даровите така како што Тој одредува (1 Коринтјани 12:7-11). Вообичаен проблем за Христијаните е искушението во кое толку се врзуваме со нашиот духовен дар така што бараме да Му служиме на Бог единствено во областа во која што чувствуваме дека сме надарени. Тоа не е начинот на кој духовните дарови функционираат. Бог не повикува покорно да Му служиме во сите работи. Тој ќе не опреми со било кој дар или дарови кои ни се потребни за задачата во која што Тој не повикува.

Откривањето на нашата духовна надареност може да се открие на различни начини. Има тестови за духовните дарови и пописи, но додека не треба целосно да се потпираме на нив, тие дефинитивно можат да ни помогнат да разбереме каде може да биде нашата надареност. Потврдата од другите исто така ни помага да ја откриеме духовната надареност. Други луѓе кои не гледаат како Му служиме на Бог често можат да го идентификуваат духовниот дар во употреба, кој што ние можеме веднаш да го земеме здраво за готово или да не го препознаеме. Молитвата е исто така важна. Личноста која што точно знае како сме надарени со духовен дар е Самиот давач на дарот – Светиот Дух. Можеме да го молиме Бог да ни покаже како сме надарени, со цел подобро да ги користиме нашите дарови за Негова слава.

Да, Бог ги повикува некои да бидат учители и им дава дар на поучување. Бог ги повикува некои да бидат слуги и ги благословува со дарот на помагање. Сепак, конкретното познавање на нашите духовни дарови не ни е изговор да Му служиме на Бог во области надвор од нашата надареност. Дали е корисно да се знае каков духовен дар/дарови Бог ни дал на нас? Секако дека е. Дали е погрешно да се фокусираме толку многу на духовните дарови и со тоа да пропуштиме други шанси да Му служиме на Бог? Да. Ако сме посветени да бидеме употребени од Бог; Тој ќе ни ги овозможи духовните дарови кои ни требаат.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Како да знам кој е мојот духовен дар?
© Copyright Got Questions Ministries