settings icon
share icon
Прашање

Што е разликата помеѓу душата и духот на човекот?

Одговор


Душата и духот се двата примарни духовни аспекти кои Библијата ги припишува на човештвото. Може да биде збунувачки да се обидеме да ја откриеме точната разлика помеѓу двете. Зборот “дух“ се однесува само на духовниот аспект на човештвото. Човечките суштества имаат дух, но ние не сме духови. Сепак, во Светото Писмо, се кажува дека само верниците се духовни живи (1 Коринтјаните 2:11; Евреите 4:12; Јаков 2:26), додека неверниците се духовно мртви (Ефесјаните 2:1-5; Колосјаните 2:13). Во пишувањата на Павле, духовното беше главно во животот на верникот (1 Коритјаните 2:14, 3:1; Ефесјаните 1:3, 5:19; Колосјаните 1:9, 3:16). Духот е елемент во човештвото, кој ни дава способност да имаме близок однос со Бог. Секогаш кога се користи зборот “дух“, се однесува на духовниот дел на човештвото кое го “поврзува“ со Бог, кој Самиот е дух (Јован 4:24).

Зборот “душа“ може да се однесува и на материјалните и на духовните аспекти на човештвото. За разлика од човечките суштества кои имаат дух, човечките суштества се и души. Во својата најосновна смисла, зборот “душа“ значи “живот“. Но, освен ова суштинско значење, Библијата зборува за душата во многу контексти. Еден од овие е желбата на човештвото за грев (Лука 12:26). Човештвото е природно злобно, и нашите души се расипани како резултат на тоа. Принципот на животот на душата е отстранет за време на физичката смрт (Битие 35:18; Еремија 15:2). Душата, како и духот, е центарот на многу духовни и емоционални искуства (Јов 30:25, Псалм 43:5; Еремија 13:17). Секогаш кога се користи зборот “душа“, тоа може да се однесува на целата личност, без разлика дали е жив или е во задгробниот живот.

Душата и духот се поврзани, но можат да се одделат (Евреите 4:12). Душата е суштината на постоењето на човештвото; тоа е кои сме ние. Духот е аспект на човештвото кој не поврзува со Бог.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е разликата помеѓу душата и духот на човекот?
© Copyright Got Questions Ministries