Што е/не е дозволено на Христијанскиот пар да прави во сексот?



Прашање: Што е/не е дозволено на Христијанскиот пар да прави во сексот?

Одговор:
Библијата вели дека “Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло – чисто; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог“ (Евреите 13:4). Писмото никогаш не вели што на мажот и жената им е или не е дозволено да прават во бракот. На мажот и на жената им се дадени инструкции, “Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување (1 Коринтјани 7:5). Овој стих можеби го поставува принципот за сексуални односи во бракот. Што и да е сторено, тоа треба да биде меѓусебно договорено. Никој не смее да поттикнува или да принудува да се стори нешто со кое што тој или таа би се чувствувале непријатно или пак мисли дека е погрешно. Ако мажот и жената двајцата се согласат дека сакат да пробаат нешто (на пример: орален секс, различни позиции, секс играчки, итн.), тогаш Библијата не дава причина зошто тие не би можеле да го сторат тоа.

Меѓутоа, постојат неколку работи кои никогаш не се дозволени за брачна двојка. Практиката на “заменување“ или “внесување дополнителна личност“ (тројца, четворица, итн.) е бесрамна прељуба. Галатјаните 5:19; Ефесјаните 5:3; Колосјани 3:5; 1 Солунјани 4:3). Прељубата е грев дури ако вашиот брачен другар дозволува, одобрува, или дури и учествува во неа. Порнографијата апелира до “похотата на телото и желбата на очите“ (1 Јован 2:16), и затоа е осудена од Бог. Мажот и жената никогаш не треба да донесат порнографија во нивната сексуална заедница. Освен овие две работи, нема ништо што Светото Писмо експлицитно забранува на мажот и жената да прават меѓусебно се додека е со заедничка согласност.


вратете се назад на основната македонска страница

Што е/не е дозволено на Христијанскиот пар да прави во сексот?