settings icon
share icon
Прашање

Што се седумте смртни гревови?

Одговор


Седумте смртни гревови е листа првично користена во раните христијански учења да се едуцираат и обучат следбениците во врска човековата падната склоност кон грев. Погрешното сфаќање за листата на седумте “смртни“ гревови е дека тие се гревови кои Бог нема да ги опрости. Библијата е јасна дека единствениот грев кој Бог нема да го опрости е гревот на постојано неверување, бидејќи се одбива единствениот начин да се добие простување – Исус Христос и Неговата заменска смрт на крстот.

Дали идејата за седумте смртни гревови библиска? Да и не. Изреки 6:16-19 вели: “Шест нешта мрази Господ, а седум се гнасни на Неговата душа: 1) горделиви очи, 2) лажлив јазик, 3) раце што пролеваат невина крв, 4) срце што замислува грешни мисли, 5) нозе што итаат на зло, 6) лажен сведок, кој шири лага, 7) и човек кој сее раздори меѓу браќата.“ Меѓутоа, оваа листа не е онаа што повеќето луѓе ја разбираат како седумте смртни гревови.

Според папата Григориј Велики во 6 век, седумте смртни гревови се следните: гордост, завист, ненаситност, страст, бес, лакомост, и мрзливост. Иако овие се несомнено гревови, тие никогаш не го даваат описот за “седумте смртни гревови“ во Библијата. Традиционалната листа на седумте смртни гревови може да функционира на добар начин да се категоризираат многуте различни гревови кои постојат. Скоро секој вид на грев може да се стави под една од овие седум категории. Уште поважно, мора да сфатиме дека овие седум гревови не се повеќе “смртни“ од било кој друг грев. Секој грев резултира во смрт (Римјани 6:23). Слава Му на Бога, дека преку Исус Христос, сите наши гревови, вклучувајќи ги и “седумте смртни гревови,“ можат да бидат опростени (Матеј 26:28; Дела 10:43; Ефесјаните 1:7).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што се седумте смртни гревови?
© Copyright Got Questions Ministries