settings icon
share icon
Прашање

Кога ќе се случи грабнувањето во однос на неволјите?

Одговор


Времето на грабнувањето во однос на неволјите е едно од најконтроверзните прашања во црквата денес. Трите основни ставови се: пред-неволјите (грабнувањето се случува пред неволјите), сред-неволјите (грабнувањето се случува на или приближно на средината од неволјите), и после-неволјите (грабнувањето се случува на крајот од неволјите). Четвртиот поглед, познат како пред-гневот, е мала модификација на позицијата на пред-неволјите.

Прво, важно е да се препознае целта на неволјите. Според Даниел 9:27, постојат седумдесетти “седмици“ (седум години), кој допрва треба да дојдат. Целото пророштво на Даниел за седумдесете седмици (Даниел 9:20-27) е зборување за народот на Израел. Тоа е временски период во кој Бог Го фокусира Неговото внимание особено на Израел. Седумдесетте седмици, неволјите, мора исто така да биде време кога Бог се справува со Израел. Иако ова не мора да значи дека Црквата не може да биде присутна, доведува до прашање зошто Црквата треба да биде на земјата во текот на тоа време.

Основните библиски текстови за грабнувањето се 1 Солунјаните 4:13-18. Во него се вели дека сите живи верници, заедно со верниците кои умреле, ќе се сретнат со Господ Исус во воздухот и ќе бидат со Него засекогаш. Грабнувањето е кога Бог ги отстранува Неговите луѓе од земјата. Неколку стихови понатаму, во 1 Солунјаните 5:9, Павле вели, “Зашто Бог не не определил за гнев, туку да придобиеме спасение преку нашиот Господ Исус Христос.“ Во книгата Откровение, која примарно се занимава со временскиот период на неволјите, е пророчка порака за тоа како Бог ќе Го излее Неговиот гнев на земјата за време на неволјите. Изгледа недоследно за Бог да им ветува на верниците дека нема да страдаат од гневот и потоа да ги остави на земјата да страдат низ гневот од неволјите. Фактот дека Бог ветува дека ќе ги избави Христијаните од гневот кратко после ветувањето дека ќе ги отстрани Своите луѓе од земјата изгледа дека ги поврзува овие два настани заедно.

Друг клучен пасус за времето на грабнувањето е Откровение 3:10, во кој Христос ветува дека ќе ги избави верниците од “часот на искушението“ кој ќе се случи на земјата. Ова може да значи две работи. Или Христос ќе ги заштити верниците на средина од искушението, или Тој ќе ги избави верниците од искушението. Двете се важечки значења од грчкиот збор преведен “од.“ Меѓутоа, важно е да се препознае што на верниците им е ветено од што ќе бидат заштитени. Не се само искушението, туку од “часот“ на искушението. Христос ветува дека ќе ги зачува верниците од точниот временски период, кои ги содржи маките, имено неволјите. Целта на неволјите, целта на грабнувањето, значењето на 1 Солунјаните 5:9, и толкувањето на Откровение 3:10 сите даваат јасна поддрдшка на позицијата на пред-неволјите. Ако Библијата се толкува буквално и доследно, позицијата на пред-неволјите е најбиблиски базирано толкување.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Кога ќе се случи грабнувањето во однос на неволјите?
© Copyright Got Questions Ministries