Како можам да се подготвам за брак?



Прашање: Како можам да се подготвам за брак?

Одговор:
Подготвувајќи се за брак библиски, е исто како да се подготвуваме за секој животен настан. Постои принцип кој треба да ги регулира сите аспекти од нашиот живот како ново-родени верници. “Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум“ (Матеј 22:37). Ова не е плитка заповед. Тоа е средиштето на нашите животи како верници. Тоа е избирање да се фокусираме на Бог и на Неговиот Збор со цело наше срце, така што нашата душа и нашиот ум ќе бидат окупирани од работите кои му се угодни Нему.

Односот што го имаме со Бог преку Господ Исус Христос е она што ги става сите други врски во перспектива. Брачната врска се заснова врз моделот на Христос и Неговата црква (Ефесјаните 5:22-23). Секој аспект од нашите животи е управуван од нашата посветеност како верници, да живееме живееме според заповедите и приписите на Господ. Нашата послушност кон Бог и Неговиот Збор не подготвува да ги исполниме нашите од Бог дадени улоги во бракот и во светот. А улогата на секој ново-роден верник е да го прослави Бог во сите работи (1 Коринтјаните 10:31).

Да се подготвиш самиот за брак, да одиш достојно во твојот повик во Исус Христос, и да станеш близок со Бог преку Неговиот Збор (2 Тимотеј 3:16-17), фокусирај се на послушност во сите работи. Не постои лесен план да научиме да одиме во послушност кон Бог. Тоа е избор што мора да го правиме секој ден, да ги тргнеме на страна световните гледишта и наместо тоа да го следиме Бог. Одењето достојно за Христос значи да се покориме понизно на единствениот Пат, единствената Вистина, и единствениот Живот, од ден-на-ден, од момент до крај. Тоа е подготовката за која секој верник треба да биде спремен за големиот дар кој го нарекуваме брак.

Личноста кој е духовна зрела и живее со Бог е повеќе подготвена за брак од било кој друг. Бракот бара посветеност, страст, понизност, љубов, и почит. Овие особини се највидливи кај личност која има близок однос со Бог. Додека се подготвуваш за брак, фокусирај се на тоа да Му дозволиш на Бог да те оформува и обликува во маж или жена што Тој сака да бидеш (Римјаните 12:1-2). Ако му се поднесете на Него, Тој ќе ви овозможи да бидете подготвени за брак кога ќе пристигне тој прекрасен ден.

English


вратете се назад на основната македонска страница

Како можам да се подготвам за брак?