settings icon
share icon
Прашање

Што е предмиленијнизам?

Одговор


Предмиленијанизам е гледиштето дека второто Христово доаѓање ќе се случи пред Неговото илјадагодишно царство, и дека илјадагодишното царство е буквално 1000-годишно владеење на Христос на земјата. Со цел да се разберат и протолкуваат пасусите во Библијата кои се занимаваат со настаните од последните времиња, постојат две работи кои треба да бидат јасно разберени: соодветен метод на толкување на Библијата и разликата помеѓу Израел (Евреите) и Црквата (телото на сите верници во Исус Христос).

Прво, соодветниот метод за толкување на Светото Писмо бара Писмото да биде толкувано на начин кој е во согласност со контекстот. Ова значи дека еден пасус мора да биде толкуван на начин кој е во согласност со аудиториумот за кое е напишан, од оние од кој е пишувано, оние кои го пишувале, итн. Од клучно значење е да се знае авторот, аудиториумот за кој е наменет, и историската позадина на секој пасус кој некој го толкува. Историското и културно поставување често ќе го открие вистинското значење на пасусот. Исто така е важно да се запамети дека Писмото се толкува со Писмото. Тоа значи, често некој извадок ќе покрие тема или предмет која исто така се однесува на друго место во Библијата. Важно е сите овие пасуси да се толкуваат доследно еден со друг.

Накрај, и што е најважно, текстовите секогаш мора да се земаат во нивното нормално, редовно, обично, буквално значење освен ако контекстот на текстот укажува дека тоа е фигуративно по природа. Буквалното толкување не ја елиминира можноста за изразните средства кои се кои се користени. Наместо тоа, го охрабрува толкувачот да не бара фигуративен јазик во значењето на текстот освен ако не е соодветен во тој контекст. Клучно е никогаш да не се бара “подлабоко, подуховно значење“ од тоа што е презентирано. Тоа е опасно бидејќи ја преместува основата за точното толкување од Писмото до умот на читателот. Тогаш, не може да има објективен стандард за толкување: наместо тоа, Писмото станува предмет на впечатоците на секоја личност за тоа што тоа значи. 2 Петар 1:20-21 не потсетува дека “Никогаш пророштвото не дошло од човечка волја, туку светите Божји луѓе зборувале носени од Светиот Дух.“

Со примената на овие принципи за толкување на Библијата, мора да се види дека Израел (физичките потомци на Авраам) и Црквата (верниците од Новиот Завет) се две различни групи. Клучно е да се препознае дека Израел и Црквата се различни бидејќи, ако ова е погрешно разберено, и Светото Писмо ќе биде погрешно разберено. Посебно склони кон погрешно толкување се текстовите кои се занимаваат со ветувањата дадени на Израел (исполнетите и неисполнетите). Таквите ветувања не треба да се применуваат на Црквата. Запомнете, контекстот на текстот ќе одреди за кого текстот се однесува и ќе упати на најточното толкување.

Со овие концепти на ум, може да се погледне кон различни текстови од Писмото кои се однесуваат на предмиленијанизмот. Битие 12:1-3: “ И му рече Господ на Аврама: „Излези од земјата своја, и од родот свој, и од домот на татка си, па појди во земјата, што ќе ти ја покажам Јас! А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен. Ќе ги благословам оние, што тебе ќе те благословуваат, и ќе ги проколнам оние, што тебе ќе те проколнуваат и +преку тебе ќе бидат благословени сите родови на земјата.”

Бог му вети три работи на Авраам овде: Авраам ќе има многу потомци, овој народ ќе поседува и ќе заземе земјиште, и универзален благослов ќе дојде до сите луѓе надвор од линијата на Авраам (Евреите). Во Битие 15:9-17, Бог го ратификуваше Неговиот завет со Авраам. Од начинот на кој ова е направено, Бог ја става цела одговорност на заветот на Себе. Така што, не би постоело нешто што Авраам би можел да направи за да го поништи заветот кој Бог го направи. Исто така во овој пасус, границите за земјата која Евреите на крајот ќе ја окупираат се поставени. За детална листа на границите види Второзаконие 34. Други пасуси кои се занимаваат со ветувањето на земјата се Второзаконие 30-3-5, и Езекиел 20:42-44.

Во 2 Самоил 7:10-17, го гледаме ветувањето дадено од Бог на царот Давид. Овде, Бог му ветува на Давид дека тој ќе има потомци, и од тие потомци Бог ќе воспостави вечно царство. Ова се однесува на владеењето на Христос за време на илјадагодишното царство и засекогаш. Важно е да се има во предвид дека ова ветување мора да се исполни буквално и дека се уште нема заземено место. Некои би сакале да веруваат дека владеењето на Соломон беше буквалното исполнување на ова пророштво, но постои проблем со тоа. Територијата на која Соломон владееше не е денес во обемот на Израел, и ниту Соломон владее над Израел денес. Запомнете дека Бог му вети на Авраам дека неговите потомци ќе ја поседуваат земјата засекогаш. Исто така, 2 Самоил 7 вели дека Бог ќе воспостави цар кој ќе владее во вечноста. Соломон не може да биде исполнување на овие ветувања дадени на Давид. Затоа, ова е ветување кое допрва треба да се исполни.

Сега, со сето ова на ум, испитајте што е запишано во Откровение 20:1-7. Илјадата години кои постојано се споменуваат во овој пасус одговараат на Христовото буквално 1000-годишно царство на земјата. Присетете се на ветувањата дадени на Давид во поглед на владетел треба да се исполнат буквално и се уште немаат заземено место. Предмиленијанизмот го гледа овој пасус како опис на идното пророштво на тоа ветување со Христос на тронот. Бог направи безусловни завети со Авраам и Давид. Ниту еден од овие завети не е уште целосно или трајно исполнето. Буквално физичко владеење на Христос е единствениот начин овие завети да се исполнат така како што Бог вети.

Примена на буквален метод на толкување на Писмото резултира со парчиња од сложувалката да се совпаѓаат. Сите пророштва од Стариот Завет за првото доаѓање на Исус беа буквално исполнети. Затоа, исто така, пророштвата кои се однесуваат за Неговото второ доаѓање треба да очекуваме исто така да се исполнат буквално. Предмиленијанизмот е единствениот систем кој се согласува со буквално толкување на Божјите Завети и пророштвата за последните времиња.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е предмиленијнизам?
© Copyright Got Questions Ministries