Како моите молитви може да бидат одговорени од Бог?
Прашање: Како моите молитви може да бидат одговорени од Бог?
Одговор: Многу луѓе на одговорената молитва гледаат како на Божја согласност со молитвеното барање кое го дале пред Него. Ако молитвеното барање не е одговорено, тоа е разберено како “неодговорена молитва.“ Сепак, ова е погрешно разбирање на молитвата. Бог ја одговара секоја молитва која е издигната пред Него. Некогаш Божјиот одговор е “не“ или “чекај.“ Бог единствено ветува дека ќе ги исполни нашите молитви кога бараме според Неговата волја. “И тоа е слободата, која ја имате пред Него, дека ако просиме нешто по Неговата волја, Тој нè послушува. А кога знаеме дека нè услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него“ (1 Јован 5:14-15).
Што тоа значи да се молиме во согласност со Божјата волја? Молењето во согласност со Божјата волја е е молење за нештата кои Му даваат чест и Го прославуваат Бог и/или молење за она што Библијата јасно открива која е Божјата волја. Ако се молиме за нешто кое не е за чест на Бог или не Божјата волја за нашите животи, Бог нема да ни го даде тоа што го бараме. Како можеме да знаеме која е Божјата волја? Бог ветува дека ќе ни даде мудрост кога ќе го побараме тоа. Јаков 1:5 објавува, “Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор – и ќе му се даде.“ Добро место да се почне е 1 Солунјаните 5:12-24, во која се истакнуваат многу нешта за тоа која е Божјата волја за нас. Колку подобро го разбираме Божјиот Збор, толку повеќе ќе знаеме за што да се молиме (Јован 15:7). Колку повеќе ќе знаеме за што да се молиме, толку повеќе Бог ќе одговара со “да“ на нашите барања.
English
Како моите молитви може да бидат одговорени од Бог?