Прашање
Што значи да тоа се молиме во името на Исус?
Одговор
Молитвата во името на Исус се изучува во Јован 14:13-14, “И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.“ Некои го злоупотребуваат овој стих, мислејќи дека дека велејќи “во името на Исус“ на крајот од молитвата ќе резултира со тоа дека Бог секогаш ќе дава што и да побараме. Ова е во суштина третирање на зборовите “во името на Исус“ како магична формула. Ова е апсолутно небиблиски.
Молење во името на Исус значи молење со Неговиот авторитет и молење од Бог Таткото да делува на нашите молитви бидејќи ние доаѓаме во името на Неговиот Син, Исус. Молење во името на Исус значи истата работа што и молејќи се во согласност со Божјата волја. “И ова е смелоста која ја имаме кон Него; дека нѐ слуша ако просиме нешто по Неговата волја. И кога знаеме дека нѐ слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молитвите што ги побаравме од Него“ (1 Јован 5:14-15). Молење во името на Исус е молење за работи кои ќе Му дадат чест и слава на Исус.
Велејќи “во името на Исус“ на крајот од молитвата не е магична формула. Ако тоа што го бараме или кажуваме во молитва не е за Божја слава и според Неговата волја, кажувањето “во името на Исус“ е безначајно. Вистинско молење во името на Исус и за Негова слава е она што е важно, а не приложување на зборови на крајот од молитвата. Не се важни зборовите во молитвата, туку целта зад молитвата. Молењето за работи кои се во согласност со Божјата волја е суштината на молењето во името на Исус.
English
Што значи да тоа се молиме во името на Исус?