settings icon
share icon
Прашање

Зошто треба да верувам во организирана религија?

Одговор


Дефиниција од речник за “религија“ би било нешто слично на “верување и обожавање на Бог или богови, обично изразена преку однесување или ритуал; било кој специфичен систем на верување, обожавање, итн., често вклучува некој етички код.“ Во контекст на оваа дефиниција, Библијата зборува за организирана религија, но во многу случаи целта и влијанието на “организиранта религија“ не се нешто со кое што Бог е задоволен.

Во Битие 11 глава, можеби првиот пример на организирана религија, потомците на Ное се организираат да изградат Вавилонска кула наместо да се покоруваат на Божјите заповеди да ја исполнат целата земја. Тие веруваа дека нивното единство е поважно од нивниот однос со Бог. Бог се вмеша во тоа, и ги помеша нивните јазици, и со тоа ја разби оваа нивна организирана религија.

Во Излез 6 глава и понатаму, Бог “организира“ религија за нацијата на Израел. Десетте Заповеди, законите кои се однесуваат во врска со шаторот, и жртвениот систем беа поведени од Бога и требаше да бидат следени од Израелците. Понатамошно истражување на Новиот Завет појаснува дека намерата на оваа религија е да се укаже на потребата од Спасител-Месија (Галатјани 3; Римјаните 7). Сепак, многумина погрешно го разбраа ова, и се поклонуваа на правилата и ритуалите наместо на Бог.

Во текот на историјата на Израел, многу од конфликтите искусени од Израелците вклучуваа конфликти со организирани религии. Примери: обожавањето на Ваал (Судии 6; 1 Цареви 18), Дагон (1 Самоил 5), и Молох (2 Цареви 23:10). Бог ги порази следбениците на овие религии, со тоа што ја покажа Својата сувереност и семоќ.

Во Евангелијата, Фарисеите и Садукеите се претставени како претставници на организирана религија во времето на Христос. Исус постојано се соочуваше со нив поради нивните лажни учења и лицемерен начин на живот. Во Посланијата, имаше организирани групи кои го помешуваа евангелието со одредени листи за потребни дела и ритуали. Тие исто така, бараа да се изврши притисок врз верниците да се променат и да ги прифатат овие “плус Христијански“ религии. Галатјаните и Колосјаните даваат предупредувања за ваквите религии. Во книгата на Откровение, организираната религија ќе има влијание врз светот кога Антихристот ќе постави една светска религија.

Во многу случаи, крајниот резултат на организираната религија е одвраќање од Божјата намера. Меѓутоа, Библијата зборува за организирани верници кои се дел од Неговиот план. Бог, овие групи на верници ги нарекува “цркви.“ Описите од книгата на Дела Апостолски и Посланијата укажуваат на тоа дека црквата треба да се организира и да биде меѓусебно зависна. Организацијата доведува до заштита, продуктивност, и достигнување на други за Христос (Дела 2:41-47). Во случај на црквата, таа може подобро да се нарече “организан однос.“

Религијата е обид на човекот да има заедништво со Бог. Христијанската вера е заедништво со Бог поради тоа што Тој го направи за нас преку жртвата на Исус Христос. Не постои план да се стигне до Бог (Тој дојде до нас – Римјаните 5:8). Не постои гордост (се е примено преку благодат – Ефесјаните 2:8-9). Не треба да постои конфликт помеѓу лидерството (Христос е главата – Колосјаните 1:18). Не треба да има предрасуди (сите сме едно во Христос – Галатјани 3:28). Да се биде организиран не е проблем. Фокусирањето кон правила и ритуали на религијата е проблем.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Зошто треба да верувам во организирана религија?
© Copyright Got Questions Ministries