Прашање
Што се Новото Небо и Новата Земја?
Одговор
Многу луѓе имаат погрешна претстава за тоа какво е небото навистина. Откровение поглавја 21-22 ни даваат детална слика за новото небо и новата земја. По настаните од последните времиња, сегашните небо и земја ќе бидат уништени и заменети со новото небо и новата земја. Вечното живеалиште на верниците ќе биде новата земја. Новата земја е “небото“ на која што ние ќе ја поминеме вечноста. Новата земја е местото каде што ќе се наоѓа Новиот Ерусалим, небесниот град. Новата земја е таа каде што ќе има бисерни порти и златни улици.
Небото – новата земја – е физичко место каде што ќе живееме со нашите прославени тела (1 Коринтјаните 15:35-58). Концептот дека небото е “во облаците“ е небиблиски. Концептот дека ние ќе бидеме “духови кои лебдат низ небото“ е исто така небиблиски. Небото кое што верниците ќе го доживеат ќе биде нова и совршена планета на која што ние ќе живееме. Новата земја ќе биде слободна од грев, зло, болести, страдање, и смрт. Веројатно ќе биде слична на нашата земја, или можеби реконструкција на нашата сегашна земја, но без проклетството на гревот.
Но што е со новото небо? Важно е да се запамети дека во античкиот ум, “небото“ се однесува на небесата и вселената, како и сферата во која Бог живее. Па, кога Откровение 21:1 упатува на ново небо, веројатно укажува на тоа дека ќе биде создаден цел универзум – нова земја, нови небеса, и нова вселена. Се чини како да Божјото “небо“ ќе биде повторно создадено, да се даде нов почеток на се во универзумот било да е физичко или духовно. Ќе имаме ли пристап до новото небо во вечноста? Можно е, но треба да чекаме да дознаеме. Да дозволиме Божјиот Збор да го обликува нашето разбирање за небото.
English
Што се Новото Небо и Новата Земја?