Дали е во ред за Христијанин да се гледа или венчава со не-Христијанин?


Прашање: Дали е во ред за Христијанин да се гледа или венчава со не-Христијанин?

Одговор:
За Христијанин, гледањето со не-Христијанин е немудро, а венчавањето не е дури ни опција. 2 Коринтјаните 6:14 ни кажува “не впрегнувајте се заедно“ со неверник. Метафориката се состои од два неспоиви вола кои делат ист јарем. Наместо да работат заедно да го повлечат товарот, тие би работеле еден против друг. Додека овој пасус конкретно не го споменува бракот, тој дефинитивно има импликации за бракот. Во продолжение кажува дека не постои хармонија помеѓу Христос и Велијал (Сатаната). Не може да постои духовна хармонија во бракот помеѓу Христијанин и не-Христијанин. Павле продолжува да ги потсетува верниците дека тие се храм на Светиот Дух, кој живее во нивните срца за спасение (2 Коринтјаните 6:15-17). Поради тоа, тие треба да бидат одвоени од светот-во светот,-но не и од светот-и тоа никаде не е толку поважно отколку во најинтимната врска во животот-бракот.

Библијата исто така вели, “Не лажете се: „Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!” (1 Коринтјаните 15:33). Имањето било каков интимен однос со неверник може брзо да се претвори во нешто што е пречка за твојот живот со Христос. Повикани сме да ги евангелизираме изгубените, а не да бидеме интимни со нив. Нема ништо погрешно во градење на квалитетни пријателства со неверници, но тоа е најдалеку што може да се оди. Ако се гледаш со неверник, што искрено би бил твојот приоритет, романса или освојување душа за Христос? Ако би биле венчани со неверник, како вие двајца би стекнале духовна интимност во бракот? Како квалитетен брак би можел да се изгради и одржува ако вие не би се согласувале околу најважната тема во универзумот – Господ Исус Христос.

English
вратете се назад на основната македонска страница

Дали е во ред за Христијанин да се гледа или венчава со не-Христијанин?