settings icon
share icon
Прашање

Зошто луѓето во Битие живееле толку долги животи?

Одговор


Тоа е донекаде мистерија зошто луѓето во раните поглавја на Битие живееле толку долги животи. Постојат многу теории изнесени од страна на библиски научници. Генеологијата во Битие 5 го дава списокот на побожните потомци на Адам – списокот кој на крајот ќе го даде Месијата. Бог веројатно го благословил овој список на луѓе со особено долг живот како резултат на нивната побожност и послушност. Додека ова е можно објаснување, Библијата никаде конкретно не го ограничува долгиот животен век на лицата споменати во Битие 5 глава. Понатаму, освен Енох, Битие 5 не идентификува други лица кои беа посебно побожни. Многу е веројатно дека дека во тој период сите живееле неколку стотици години. Неколку фактори веројатно придонеселе за тоа.

Битие 1:6-7 ја споменува водата над пространството, свод на вода што ја опкружила земјата. Таков свод на вода би создал ефект на стаклена градина и би блокирало многу од радијацијата која што сега ја погодува земјата. Ова би резултирало во совршени услови за живеење. Битие 7:11 укажува дека, во времето на потопот, водниот свод се излеа на земјата, и со тоа ги прекина идеалните услови за живот на земјата. Спореди го животниот век пред потопот (Битие 5:1-32) со тој после потопот (Битие 11:10-32). Веднаш по потопот, животните години драстично се намалија.

Друг предвид е дека во првите неколку генерации по создавањето, генетскиот код кај човекот немал многу дефекти. Адам и Ева беа создадени совршени. Тие сигурно биле многу отпорни на болести и зарази. Нивните потомци би ги наследиле овие предности, но во помал степен. Со текот на времето, како резултат на гревот, човечкиот генетски код стана повеќе оштетен, и човечките суштества станаа се повеќе и повеќе подложни на смрт и болести. Ова исто така би резултирало со драстично намален животен век.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Зошто луѓето во Битие живееле толку долги животи?
© Copyright Got Questions Ministries