Дали е погрешно за пар да живее заедно пред брак?


Прашање: Дали е погрешно за пар да живее заедно пред брак?

Одговор:
Одговорот на ова прашање зависи од тоа што се подразбира под “живеење заедно“. Ако тоа подразбира сексуални односи, тоа е дефинитивно погрешно. Предбрачниот секс е постојано осудуван во Библијата, заедно со сите други форми на сексуален неморал (Дела 15:20; Римјаните 1:29; 1 Коринтјаните 5:1; 6:13; 18; 7:2; 10:18; 2 Коринтјаните 12:21; Галатјаните 5:19; Ефесјаните 5:3; Колосјаните 3:5; 1 Солунјаните 4:3; Јуда 7). Библијата се залага за целосна апстиненција надвор од (и пред) бракот. Сексот пред брак е исто толку погрешен како блудството и другите форми на сексуална неморалност, бидејќи тие сите вклучуваат сексуален однос со некого со кого не сте во брак.

Ако “живеењето заедно“ значи живеење во иста куќа, тоа можеби е друго прашање. На крајот на краиштата, нема ништо погрешно ако маж и жена живеат во иста куќа – ако нема ништо неморално. Меѓутоа, проблемот произлегува од тоа што се уште има појава на неморал (1 Солунјаните 5:22; Ефесјаните 5:3), и може да биде огромно искушение за неморал. Библијата ни кажува да бегаме од неморалот, а не да се изложуваме на постојани искушенија за неморал (1 Коринтјаните 6:18). Потоа, тука е проблемот со надворешниот изглед. За пар кој живее заедно, се претпоставува само по себе дека треба да спие заедно – едноставно тоа е природата на нештата. Дури и ако живеењето во иста куќа само по себе не е грешно, таму е појавата на гревот. Библијата ни кажува да ги избегнуваме појавите на зло (1 Солунјаните 5:22; Ефесјаните 5:3) да се бега од неморал, и да не предизвикува некој да се сопнува или да биде навреден. Како резултат на тоа, не му чест на Бога за маж и жена да живеат заедно надвор од бракот.

English
вратете се назад на основната македонска страница

Дали е погрешно за пар да живее заедно пред брак?