settings icon
share icon
Прашање

Што вели Библијата за мешаните бракови? Дали е дозволено да се земаат мажи и жени од различни раса?

Одговор


Старозаветниот закон им забрани на Израелците да са женат за луѓе од други народи. (Второзаконие 7:3-4) Причината за тоа е опасноста Израелците да отстапат од Бога, ако се оженат за идолопоклоници, за пагани или како целост, за луѓе, кои не се евреи. Сличен принцип е покажан и во Новиот Завет но на доста поразлично ниво. „ Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?“ (2 Коринтјани 6:14) Точно како што и на израелците (кои веруваа во Еден Вистински Бог) им се заповеда да не се женат за неверници, исто така и на христијаните (кои веруваат во Единствениот Вистински Бог) им се заповедува да не се женат за неверници. И за да одговориме конкретно на зададеното прашање, ќе кажеме:Не, во Библијата не се кажува дека мешаните бракови се нешто лошо.

За еден човек треба да се суди по неговиот карактер а не по бојата на неговата кожа. Сите ние треба да сме внимателни и да не покажуваме пристрасност кон една раса, а предрасуди и расизам кон друга. (Јаков 2:1-10, види специјално 1 и 9 стих) Стандардот на еден маж или жена, кога си избира брачен партнер, треба да биде: дали човекот, од кој што се интересира е христијанин (II Коринтјани 6:14), дали е наново роден преку вера во Исус Христос (Јован 3:3-5) Верата во Исус Христос е библискиот стандард за избор на брачен партнер, а не бојата на кожата. Мешаните бракови не се прашање на добро или зло, а на мудрост, распознавање и молитва.

Единствената причина, поради која мешаните бракови треба да се обмислуваат, се тешкотиите што ќе дојдат со тоа , зашто на околните нема да им е лесно да ги прифатат. Многу мешани бракови се жртви на дискриминација и исмејување, понекогаш дури и од нивните сопствени семејства. Некои мешани семејства имаат проблеми, кога бојата на кожата на нивните деца е во различни нијанси од таа на нивните родители, или од таа на нивните браќа и сестри. Брачните партнери на еден таков мешан брак треба да ги имаат во предвид сите тие работи и да бидат подготвени за нив ако решат да создадат заедничко семејство. И повторно, единствено библиско ограничување во однос на бракот, што се поставува за христијанинот е другиот партнер да е дел од Телото Христово.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што вели Библијата за мешаните бракови? Дали е дозволено да се земаат мажи и жени од различни раса?
© Copyright Got Questions Ministries