settings icon
share icon
Прашање

Дали заедничката молитва е важна?

Одговор


Заедничката молитва е важен дел од животот на црквата, заедно со обожувањето, здравото учење, причестувањето, и заедништвото. Раната црква редовно се собираше да ги научи доктрините на апостолите, да кршаат леб, и да се молат заедно (Дела 2:42). Кога се молиме заедно со другите верници, ефектите можат да бидат многу позитивни. Заедничката молитва не поучува и не обединува во нашата заедничка вера. Истиот Свет Дух кој живее во секој верник предизвикува нашите срца, да се радуваат кога слушаме величење кон нашиот Господ и Спасител, поврзувајќи не нас заедно во единствена врска на заедништво која не може да се најде никаде на друго место во животот.

За оние кои можеби се сами и се борат со товарот на животот, слушајќи други како ги издигаат нив пред тронот на благодатта може да биде големо охрабрување. Тоа нас исто така не изградува во љубов и грижа за другите додека посредуваме во молитва за нив. Во исто време, заедничката молитва ќе биде само одраз на срцата на поединците кои учествуваат. Треба да доаѓаме пред Бог во понизност (Јаков 4:10), вистина (Псалм 145:18), послушност (1 Јован 3:21-22), со благодарност (Филипјаните 4:6) и доверба (Евреите 4:16). За жал, заедничката молитва исто така може да стане платформа за оние чии зборови не се упатени кон Бог, туку на нивните слушатели. Исус предупреди против таквото однесување во Матеј 6:5-8 каде Тој не предупредува да не бидеме претенциозни, зборлести, или лицемерни во нашите молитви, туку да се молиме тајно во нашите соби со цел да го избегнеме искушението за користење на молитвата лицемерно.

Ништо во Писмото не наведува на идеја дека заедничките молитви се “помоќни“ од молитвите на поединците во смисла на подместување на Божјата рака. Премногу христијани ја изедначуваат молитвата со “добивање нешта од Бог,“ и групната молитва станува главно повод да рецитираме листа со нашите желби. Библиските молитви, сепак, се повеќе аспектни, и во себе содржат целосна желба да се влезе во свесно и блиско заедништво со свет, совршен, и праведен Бог. Да таков Бог го сврти увото на Неговите созданија предизвикува величењето и обожувањето на да се изливаат во изобилство (Псалм 27:4; 63:1-8), предизвикувајќи искрено покајание и исповед (Псалм 51; Лука 18:9-14), создава излив на благодарност (Филипјаните 4:6; Колосјаните 1:12), и создава искрен посреднички апел за молитва за другите (2 Солунјаните 1:11; 2:16).

Молитвата, тогаш, е соработка со Бог во остварувањето на Неговиот план, а не обид да го убедиме во нашиот план. Како што ги напуштаме нашите желби во потчинетост на Оној кој ги знае нашите околности многу подобро отколку што ние некогаш би можеле да ги знаеме и кој “знае што ви е потребно, уште пред да Го помолите“ (Матеј 6:8), нашите молитви го достигнуваат нивното највисоко ниво. Молитвите кои се во потчинетост на Божествената волја, на тој начин, секогаш ќе бидат одговарани позитивно, без разлика дали е се од едно лице или од илјада.

Идејата дека заедничките молитви се со поголема веројатност да се помрдни Божјата рака доаѓаат главно од погрешно толкување на Матеј 18:19-20, “Пак, ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата околу било која работа каква и да посакат, ќе им биде дадено од Мојот Татко, кој е во небесата. Зашто каде се двајца или тројца собрани во мое Име, таму сум и Јас посреде нив.“ Овие стихови доаѓаат од поголем пасус кои се однесуваат на процедурата која треба да се следи во случај на црквено дисциплинирање на член кој згрешил. Толкувањето на овие стихови како ветување на верниците бланко чек за нешто кое тие ќе се согласат да бараат од Бог, без разлика колку грешно или безумно е, не само што не се вклопува во контекстот за црковната дисциплина, туку и го негира остатокот од Писмото, посебно Божјата сувереност.

Покрај тоа, да се верува дека кога “двајца или тројца се собрани“ да се молат, некаков вид на магична моќ се применува во нашите молитви не е библиски поддржано. Се разбира Исус е присутен кога двајца или тројца се молат, но Тој е подеднакво присутен и кога еден верник се моли сам, дури и ако таа личност е одвоена од другите илјадници милји. Заедничката молитва е важна бидејќи создава единство (Јован 17:22-23), и е клучен аспект во охрабрувањето на верниците еден кон друг (1 Солунјаните 5:11) и поттикнување еден на друг во љубов и добри дела (Евреите 10:24).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали заедничката молитва е важна? Дали заедничката молитва е помоќна од поединец кој се моли сам?
© Copyright Got Questions Ministries