settings icon
share icon
Прашање

Што вели Библијата за коцкањето? Дали коцкањето е грев?

Одговор


Можеме да ја дадеме следната дефиниција за коцкањето: „ризикување на пари, со што се прави обид да се умножат, покрај тоа што веројатноста тоа да се случи е мала.“ Во Библијата не се осудува конкретно коцкањето, лотаријата или обложувањето. Но Библијата не предупредува да се пазиме од среброљубје (I Тимотеј 6:10; Евреи 13:5). Писмата, исто така, не предупредуваат да не правиме обиди за брзо забогатување (Пословици 13:11; 23:5; Проповедник 5:10). Игрите на среќа, бес сомневање, се концентрирани околу љубовта кон парите и никој не може да одрече, дека ги искушуваат луѓето со ветување за брзо и лесно забогатување.

Што е проблемот со коцкањето? Коцкањето е тешка тема, зашто ако се игра умерено и од време – навреме, тогаш станува збор за трошење на пари, кое што не секога е нешто „нечесно“. Луѓето ги трошат своите пари за најразлични работи. Коцкањето не е повеќе или помалку трошење на пари отколку гледањето на филмови (во повеќето случаи), јадење на бесмислено скапи јадења или купувањето на непотребни работи. Истовремено, фактот дека се трошат толку многу пари врз непотребни работи не го оправдува коцкањето. Парите не треба да се трошат беспоштедно. Парите треба да се заштедуваат, за да се искористат за идните потреби на Господовото дело, а не да се расфрлаат наоколу.

Коцкањето во Библијата. Покрај тоа што во Библијата да не се зборува буквално за коцка, во неа, сепак, се споменуваат игри, во кои се добива на „среќа“ или со „шанса“. Така на пример фрлањето на жрепка се користи во книгата Левит за да се избере помеѓу жртвениот јарец и јарецот за отпуштање. Неемија фрли жрепка за да избере кој да живее внатре во Ерусалим а кој – не. Апостолите фрлаат жрепка за да разберат кој да го замени Јуда. Во Пословици 16:33 се кажува: „Во пазувата се фрла жрепката, но од Господ е секоја одлука.“ Никаде во Библијата коцкањето или „шансата“ не се користи за забава, ниту се кажува дека е прифатлива практика за следбениците на Бога.

Касина и лотарии. Касината користат најразлични шеми на маркетинг со цел да ги привлечат колку се може повеќе клиенти, кои ќе ризикуваат колку се може повеќе пари. Тие често пати предлагаат бесплатен или евтин алкохол, кое што го стимулира пијанството и ја намалува можноста да се земаат мудри одлуки. Со едноставни зборови касиното е направено со цел да зема големи суми пари од луѓето, кои залагаат без да дава ништо во замена, освен временски и празни задоволства. Лотариите се обидуваат да се претстават како начин образованието и / или најразлични социјални програми. Но проучувањата покажуваат, дека учесниците во лотаријата се оние, кои најмалку можат да си дозволата да даваат пари за лотариски ливчиња. Премамката за „брзото забогатување“ е претерано големо искушение, на кое очајните луѓе не можат да се воздржат. Шансите да се добие се многу мали, и како резултат животот на многу луѓе се распаѓа.

Зошто лотаријата не е угодна на Бога? Многу луѓе тврдат, дека учествуваат во лотарии или други игри на среќа, за да можат да ги дадат парите, што ќе ги добијат, на црквата или за некоја друга добра кауза. Покрај тоа што, сето тоа звучи како еден добар мотив, реално малку се оние, кои ги користат тие пари за добри цели. Проучувањата покажуваат дека повеќето од оние, кои спечелиле од лотарија се, дури и во полоша финансиска состојба, неколку години откако добиле џекпот, отколку пред тоа. Малку, ако воопшто има такви, навистина даваат пари за некаква добра кауза. Освен тоа, Бог нема потреба од нашите пари, за да ја финансира Својата мисија во овој свет. Во Пословици 13.11 се кажува: „Со измама придобиено богатство исчезнува, а кој собира со труд, го умножува.“ Бог е суверен и ќе ги задоволи потребите на црквата по чесен начин. Дали Бог ќе биде удостоен со чест, ако за Неговото дело се искористат при спечелени од наркотици или украдени при банков обир? Бог нема потреба и не сака пари, што се „украдени“ од сиромашните преку искушението, дека ќе се збогатат.

Во I Тимотеј 6:10 се кажува: „Зашто среброљубието е корен на секакви зла; некои му се предадоа, се отстранија од верата и се прободија себеси со многу болки.“ Во Евреи 13:5 се кажува: „Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам.““ А Матеј 6:24 кажува: „Никој не може да им служи на два господара; зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го љуби; или ќе му биде приврзан на едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им служите на Бога и на мамона (парите).“

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што вели Библијата за коцкањето? Дали коцкањето е грев?
© Copyright Got Questions Ministries