Разведен сум. Може ли да се преженам според Библијата?



Прашање: Разведен сум. Може ли да се преженам според Библијата?

Одговор:
Често добиваме прашања како “Разведен сум поради таа и таа причина. Може ли да се преженам?“ Разведен сум двапати – првиот пат поради прељуба од страна на на мојот сопружник, вториот за инкомпатибилност. Се состанувам со човек кој е разведен три пати – првиот пат за инкомпатибилност, вториот за прељуба од негова страна, третиот за прељуба од страна на неговата сопруга. Можеме ли да се венчаме?“ Прашања како овие се многу тешки за одговарање, бидејќи Библијата не навлегува во детали во однос на различните сценарија за преженување после развод.

Она што сигурно го знаеме е дека Божјиот план за брачната двојка е да останат во брак се додека двајцата брачни другари се живи (Битие 2:24; Матеј 19:6). Единствената специфична дозвола за преженување после развод е поради прељуба (Матеј 19:9), па дури и ова се дебатира помеѓу Христијаните. Другата можност е напуштањето – кога брачниот другар што не е верник остава брачен другар што верува (1 Коринтјаните 7:12-15). Овој пасус, сепак, конкретно не се однесува на бракот, туку само да се биде обврзан да се остане во брак. Случаите на физичка, сексуална, или тешка емоционална злоупотреба би биле доволна причина за одвојување, но Библијата не зборува за овие гревови во контекст на разводот и преженувањето.

Две работи знаеме за сигурно. Бог го мрази разводот (Малахија 2:16), и Бог е милостив и простува. Секој развод е резултат на гревот, било од страна на еден брачен другар или од двајцата. Дали Бог простува развод? Апсолутно! Разводот не е помалку опростлив од било кој друг грев. Опростувањето на сите гревови е достапно преку Исус Христос (Матеј 26:28; Ефесјани 1:7). Ако Бог го опростува гревот на разводот, дали тоа значи дека си слободен да се прежениш? Не е задолжително. Бог понекогаш ги повикува луѓето да останат самци (1 Коринтјаните 7:7-8). Да се биде самец, не треба да се гледа како на проклетство или казна, туку како можност да Му служиме на Бог безрезервно (1 Коринтјаните 7:32-36). Божјиот Збор ни кажува, дека, сепак, е подобро да се ожениме отколку да гориме со страст (1 Коринтјаните 7:9). Можеби понекогаш ова се однесува и на преженувањето после бракот.

Па, можеш ли или треба да се прежениш? Не можеме да одговориме на тоа прашање. На крајот, тоа е помеѓу вас, вашиот потенцијален брачен другар, и што е најважно, Бог. Единствениот совет што можеме да ти го дадеме е да се молиме на Бог за мудрост во врска со тоа што Тој би сакал да направиме (Јаков 1:5). Молете се со отворен ум и искрено побарај од Бог да ги стави Неговите желби во твоето срце (Псалм 37:4). Барај ја Божјата волја (Изреки 3:5-6) и следи го Неговото водство.

English


вратете се назад на основната македонска страница

Разведен сум. Може ли да се преженам според Библијата?