settings icon
share icon
Прашање

Дали Исус навистина постои? Има ли некои историски докази за Исус Христос?

Одговор


Вообичаено кога ова прашање се поставува, лицето кое прашува го квалификува прашањето со ‘’надвор од Библијатa.’’ Ние не ја одобруваме оваа идеа дека Библијата не може да се смета за извор на докази на постоењето на Исус. Новиот Завет содржи стотици референци за Исус Христос. Тоа се тие кои датираат од пишувањата на Евангелијата до вториот век од нашата ера, повеќе од сто години после смртта на Исус. Дури и ова да е случајот (кој ние силно го оспоруваме), во однос на античките докази, пишувањата помалку од 200 години по настаните кои заземаат место се сметаат за многу веродостојни докази. Покрај тоа поголемиот дел од научниците (Христијани и неХристијани), ќе одобрат дека Посланијата на Павле (барем некои од нив) всушност биле напишани од страна на Павле во средината на првиот век од нашата ера, помалку од 40 години после смрта на Исус. Во однос на античките ракописни докази, ова е исклучително силен доказ за постоењето на човек по име Исус во Израел во почетокот на првиот век од нашата ера.

Исто така е важно да се признае дека во 70 година од нашата ера, Римјаните го нападнале и го уништиле Ерусалим и поголемиот дел од Израел, убивајќи ги неговите жители. Цели градови буквално биле изгорени до темел. Не треба да бидеме изненадени тогаш ако, многу од доказите за постоењето на Исус биле уништени. Многу од очевидците на Исус биле убиени. Овие факти најверојатно го ограничуваат бројот на преживеаните очевидци за сведоштвото на Исус.

Имајќи предвид дека службата на Исус во голема мера беше ограничена на релативно незначајна област во еден мал агол на Римската Империја, изненадувачки број на информации за Исус може да се извлечат од секуларни историски извори. Некои од позначајните историски докази за Исус го вклучуваат следново:

Од првиот век Роман Тацит, кој се смета за еден од повеќето исправни историчари од античкиот свет, споменува суеверни ‘’Христијани’’ (од Христус, кој што е латински збор за Христос), кој страдал во времето на Понтиј Пилат, за време на владеењето на Тибериј Светониј, главниот секретар на императорот Хадријан, пишува дека имало човек по име Chrestus (или Христос), кој живеел во првиот век (Аналии 15:44).

Флавиј Јосиф е најпознатиот еврејски историчар. Во неговите Антиквитети тој посочува кон Јаков, ‘’братот на Исус, наречен Христос.’’ Има контроверзен стих кој вели, ‘Во тоа време живеел Исус, мудар човек, кој воопшто смееме да го наречеме ,човек’. Тој имено правел нечуени дела... Тој бил Христос... Тој жив им се покажал на третиот ден, зашто Божјите пророци сведочеле покрај многуте други прекрасни дела во врска со него’’. Една верзија вели, ‘’Во тоа време имаше еден мудар човек по име Исус. Неговото однесување беше добро и [тој] и беше познат како доблесна личност. И многу луѓе од Евреите и од другите нации станаа негови ученици. Пилат го осуди да биде распнат и да умре. Но тие кои што станаа негови ученици не го напуштија неговото учеништво. Тие посведочија дека тој им се појавил 3 дена после неговото распнување, и дека тој е жив; според тоа тој можеби е Месијата, за кого пророците раскажуваа чуда’’.

Јулиј Африканецот го цитира историчарот Талус во дискусија на темнината која следувала по распнувањето на Христос (Зачувани Писанија, 18).

Плиниј Помладиот, во Писма 10:96, споменува пракса на славење на рани Христијани, вклучувајќи го и фактот дека Христијаните се поклонувале на Исус како на Бог и биле многу етички, и опфаќа знак на празникот на љубовта и Господовата Вечера.

Вавилонскиот Талмуд (Сахендрин 43а) го потврдува распнувањето на Исус во пресрет на Пасха и обвинувањата против Христос за практикување магии и поттикување на еврејско отпадништво.

Лукијан од Самосат бил грчки писател од вториот век кој признава дека Исус бил обожуван од Христијани, воведувал нови учења, и дека бил распнат поради нив. Тој кажува дека учењата на Исус вклучувале братство на верници, важноста на обраќањето, како и важноста на отфрлање на други богови. Христијаните живееле во согласност со законите на Исус, верувајќи за себеси дека се вечни, и биле карактеризирани со презир за смртта, доброволна самостојна посветеност и откажување од материјалните добра.

Мара Бар – Серапион потврдува дека за Исус се сметало дека е мудар и добродетелен човек, дека многумина го сметале за Цар на Израел, бил осуден на смрт, по барање на Евреите и живеел во поучувањата на Неговите следбеници.

Ги имаме исто и гностичките списи (Евангелието на Вистината, Апокрифата на Јован, Евангелието на Тома, Расправа за Воскресението, итн.) кои сите го споменуваат Исус.

Всушност, можеме да го воспоставиме евангелието само од почетокот на не-Христијански извори: Исус бил наречен Христос (Јосиф Флавиј), практикувал ‘’магија,’’ го водел Израел во нови учења, и бил обесен на Пасха за нив (Вавилонскиот Талмуд), во Јудеа (Тацит), но тврдел дека е Бог, и дека ќе се врати (Елиезар), чии што следбеници верувале, и го обожавале како Бог (Плиниј Помладиот).

Има безброј докази за постоењето на Исус Христос, и во секуларната и во библиската историја. Можеби најголемиот доказ за постоењето на Исус е фактот што буквално илјадници Христијани во првиот век после нашата ера, вклучувајќи ги и дванаесетте апостоли, биле подготвени да ги дадат нивните животи како маченици за Исус Христос. Луѓето ќе умираат за она што тие веруваат дека е вистина, но никој нема да умре за она што знае дека е лага.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали Исус навистина постои? Има ли некои историски докази за Исус Христос?
© Copyright Got Questions Ministries