Што Библијата вели за состанувањето/додворување?


Прашање: Што Библијата вели за состанувањето/додворување?

Одговор:
Иако зборовите “додворување“ и “состанување“ не се наоѓаат во Библијата, дадени ни се некои начела кои Христијаните треба да ги користат пред бракот. Првото е дека мора да се одвоиме од гледањето на светот за состанувањето, бидејќи Божјиот пат се спротивставува на светот (2 Петар 2:20). Додека погледот на светот е, да се состануваме колку што сакаме, важно е да се открие карактерот на едно лице пред да се направи било каква посветеност кон него или неа. Треба да дознаеме дали личноста е наново-родена во Христовиот Дух (Јован 3:3-8) и ако тој или таа ја дели истата желба за Христова сличност. (Филипјаните 2:5). Крајната цел на состанувањето или додворувањето е наоѓањето на животен партнер. Библијата ни кажува дека, како Христијани, не треба да се венчаваме со неверник (2 Коринтјаните 6:14-15), бидејќи тоа ќе го ослабне нашиот однос со Христос, и ќе го компромитира нашиот морал и стандард.

Кога некој е во посветена врска, дали се состанува или додворува, важно е да се потсетиме да го љубиме Господ над се друго (Матеј 10:37). Да се каже или верува дека другата личност е “се“ или најважното нешто во нечиј живот е идолопоклонство, што е грев (Галатјаните 5:20; Колосјаните 3:5). Исто така, не треба да ги осквернуваме телата со имањето предбрачен секс (1 Коринтјаните 6:9; 13; 2 Тимотеј 2:22). Сексуалната неморалност е грев не само против Бог, туку и против нашите тела (1 Коринтјаните 6:18). Важно е да ги љубиме и да ги почитуваме другите како што се сакаме самите себе (Римјаните 12:9-10), и ова е секакво вистина и за додворувањето и врска. Дали се состануваме или се додворуваме, следејќи ги овие библиски начела е најдобриот начин да се има сигурна основа за бракот. Тоа е една од најважните одлуки што некогаш ќе ги донесеме, бидејќи кога двајца се омажи, се прилепуваат еден кон друг и стануваат едно тело во врска што Бог сакал да биде постојан и нераскинлив (Битие 2:24; Матеј 19:5).

English
вратете се назад на основната македонска страница

Што Библијата вели за состанувањето/додворување?