settings icon
share icon
Прашање

Ако јас се обратам кон христијанството, тогаш моето семејство ќе се откаже од мене и јас ќе бидам жртва за гонење сред мојот народ. Што да направам?

Одговор


За верниците, кои што живеат меѓу народи каде што религиозната слобода е темелен камен на општеството, е тешко да ја разберат цената, која што треба да ја платат за својата вера во Христос, христијаните во другите делови на светот. Но Библијата е Божјо Слово и како такво таа содржи знаење за тешкотиите и скрбта во животот и неговата примена не е ограничена од времето и просторот. Исус ни дава да разбереме, дека за да Го следиме треба да платиме дадена цена. Всушност тоа ни кошта сè. Прво, тоа ни кошта самите нас. Исус им кажа на луѓето, кои Го следеа: “Onoj {to saka da trgne po Mene, neka se otka`e od sebesi i neka go zeme svojot krst, pa neka odi po Mene.“ (Марко 8:34) Крстот беше алатка на смртта и Исус ни дава да разбереме, дека да Го следима означува да умреме за себеси. Сите наши земни амбиции и желби треба да бидат распнати, за да можеме да достигнеме нов живот во Него, зашто никој не може да им служи на двајца господари. (Лука 6:13) Но тој нов живот е многу поскап и повозвишен од секое нешто, што би можеле да го постигнеме во овој свет.

Второ, тоа може да ве кошта твоето семејство и пријатели. Исус, во Матеј 10:32-39, објаснува дека Неговото доаѓање допринесува за разделување на Неговите следбеници и нивните семејства. И ако некој не го мрази своето семејство (во смисла да го сака помалку), тој тогаш не е достоен д биде Негов следбеник. Ако ние се одречеме од Исус Христос за да бидеме во мир со нашето земно семејство, тогаш и Тој ќе се одрече од нас на Небото, а ако Исус се одрече од нас, тогаш достапот до Рајот ќе биде засекогаш затворен за нас. Но ако ние Го признеме пред луѓето, без разлика на цената која ќе треба да ја платиме, Тој ќе каже на Неговиот Отец: „Овој е Мој. Прими го во Своето Царство.“ Вечниот живот е како „скриено богатство“(Матеј 13:44-45), за кој што си заслужува да дадеме сè што имаме. Немаме корист од тоа да зграпчиме сè што ни дава овој краток живот ако ја загубиме вечноста. „Za{to, kakva polza ima ~ovekot, ako go dobie celiot svet, a ì napakosti na svojata du{a!“ (Марко 8:36) Како што кажа Џим Елиот, мисионерот што беше убиен, затоа што ја занесе пораката за Христос на Индијанците Хуарани во Еквадор: „Не е глупак оној што го остава тоа, што не може да го задржи за да го добие тоа, што не може да го загуби.“

Исто така и Исус ни даде на разбирање, дека гонењето заради Него е неизбежно. Тој не охрабрува да ги очекуваме гонењата како неизбежен дел од тоа да бидеме Негови следбеници, и да се охрабруваме кога ќе дојдат. Тој дури ги нарекува „блажени“ и ни кажува „Raduvajte se i veselete se, bidej}i golema e va{ata nagrada na nebesata“ (Матеј 5:10-12). Тој ни напомнува дека Неговиот народ секогаш бил прогонуван. Старозаветните пророци биле секогаш прогонувани, мачени, убивани, пресекувани со пила! (Евреи 11:37) Сите апостоли (освен Јован, кој бил затворен на остров Патмос) биле егзекутирани зашто Го проповедале Христос. Преданието зборува дека Петар сакал да биде распнат со главата надолу, зошто се сметал недостоен да умре по истиот начин како и Неговиот Господ. Дури повеќе од тоа. Тој Пишува во своето прво послание: „Bla`eni ste ako ve napa|aat zaradi Hristovoto ime, za{to toga{ Duhot na slavata i Bo`jiot Duh po~iva vrz vas.“ (1 Петар 4:14) Апостолот Павле бил затворен во затвор, бил тепан и каменуван многу пати, зошто Го проповедал Христос. Но тој тврди дека неговото страдање е недостојно во споредба со славата, која го очекува (Римјани 8:18).

Покрај тоа, што цената да Го следиш Исуса може да ти се стори голема, треба да знаеме, дека ако останеме верни за тоа ќе имаме како и земни така и небесни награди. Исус ни вети дека ќе биде со нас засекогаш до крајот на векот (Матеј 28:20). Тој никогаш нема да не напушти или да не остави. (Евреи 13:5) Тој ја знае нашата болка и страдање, зашто исто така пострада за нас. (1 Петрово 2:21) Неговата љубов кон нас нема крај и Тој никогаш нема да не натовари со повеќе од она, што можеме да го носиме и секогаш ќе ни дава и излез заедно со тешкотиите. (1 Коринтјани 10:13) Кога ние сме првите во нашето семејство или општество, кои Го прифаќаат Христос, ние постануваме членови на Неговото семејство и пратеници за нашите сакани луѓе и за светот. Како такви ние можеме да бидеме алатка во Божјите раце, преку која Бог ќе ги доведе и другите до Себе Си, и со тоа да ни даде радост поголема од сè што можеме да си претставиме.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Ако јас се обратам кон христијанството, тогаш моето семејство ќе се откаже од мене и јас ќе бидам жртва за гонење сред мојот народ. Што да направам?
© Copyright Got Questions Ministries