Прашање
Што е Господовата Молитва и дали треба да ја молиме?
Одговор
Господовата молитва е молитва со која Господ Исус ги поучуваше Неговите ученици во Матеј 6:9-13 и Лука 11:2-4. Матеј 6:9-13 вели, “Туку молете се вака: ,,Татко наш, Кој си во небесата, да се свети Твоето име; да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата; нашиот насушен леб, дај ни го денес; и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштеваме на нашите должници; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот.“ Многу луѓе погрешно ја разбираат Господовата молитва дека е молитва која ние треба да ја рецитираме од збор до збор. Некои луѓе ја третираат Господовата молитва како магична формула, како и самите зборови да имаат некаква специфична моќ или влијание кај Бог.
Библијата го учи токму спротивното. Бог е далеку повеќе заинтересиран за нашите срца кога се молиме отколку што Тој е во нашите зборови. “Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и Тој, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно. Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многу зборови ќе бидат услишени“ (Матеј 6:6-7). Во молитвата, ние треба да ги излееме нашите срца кон Бог (Филипјаните 4:6-7), а не само да рецитираме зборови на Бог.
Господовата молитва треба да се сфати како пример, модел, за тоа како да се молиме. Ни ги дава “состојките“ со кои треба да одиме во молитва. Еве како оди. “Татко наш, Кој си во небесата“ не поучува на кого да ги испраќаме нашите молитви – на Таткото. “Да се свети името Твое“ ни кажува да го обожуваме Бог, и да Го величиме за тоа Кој е Тој. Фразата “да дојде царството Твое, да биде Твојата волја, како во небото така и на земјата“ е потсетник за нас дека треба да се молиме за Божјиот план во нашите животи и светот, а не нашиот сопствен план. Треба да се молиме да биде Божјата волја, а не нашите желби. Охрабрени сме да побараме од Бог за работите кои ни требаат во “нашиот насушен леб, дај ни го денес.“ “И прости ни ги нашите долгови, како што и ние им ги проштаваме на нашите должници“ не потсетува да ги исповедаме нашите гревови на Бог и да се одвратиме од нив, и исто така да им простуваме на другите исто така како што Бог ни опрости нам. Заклучокот на Господовата Молитва, “И не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот“ е молба за помош во остварувањето на победата над гревот и барање за заштита од нападите на ѓаволот.
Значи, повторно, Господовата молитва не е молитва која треба да ја запаметиме и рецитираме назад кон Бог. Тоа е само пример за тоа како треба ние да се молиме. Има ли нешто погрешно во тоа да ја меморираме Господовата Молитва? Се разбира не! Има ли нешто погрешно во молењето на Господовата Молитва назад кон Бог? Не, ако твоето срце е во неа и ако навистина ги мислиш зборовите кои ги кажуваш. Запомнете, во молитва, Бог е далеку повеќе заинтересиран во нашето комуницирање со Него и зборувањето од нашите срца отколку што Тој е во специфичните зборови кои ние ги користиме. Филипјаните 4:6-7 објавува, “За ништо не грижете се, туку во сè преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христа Исуса.“
English
Што е Господовата Молитва и дали треба да ја молиме?