settings icon
share icon
Прашање

Дали христијаните треба да го пазат старозаветниот закон?

Одговор


Клучот кон одговорот на тоа прашање е познаваењето, дека Старозаветниот закон бил даден на израелскиот народ а не на христијаните. Некои составни делови на законот биле дадени со цел израелците да знаат како да се покоруваат на Бога и да живеат живот одобрен од Бога (на пример Десетте Божји заповеди). Други делови од законот даваа упатство како да Му се поклонуваат на Бог (жртвениот систем), а трети за да се разликуваат од другите народи околу нив (правилата за тоа што да јадат и како да се облекуваат). Никој од старозаветните закони не се однесува за нас денес. Исус поставува крај на старозаветниот закон кога умира на крстот (Римјани 10:4; Галатјани 3:23-24; Ефесјани 2:15).

Наместо под Старозаветниот закон ние сме под Христовиот закон (Галатјани 6:2), кој гласи: „Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сета твоја мисла! Тоа е најголемата и прва заповед; а втората е како и оваа: `Љуби го твојот ближен како себеси! На тие две заповеди висат сиот Закон и Пророците.“ (Матеј 22:37-40) Ако ги исполнуваме тие две работи, тогаш ние ќе правиме сè што Исус бара од нас: „Зашто ова е љубовта Божја: да ги исполнуваме Неговите заповеди; а Неговите заповеди не се тешки...“ (I Јован 5:3). Всушност десетте заповеди не се однесуваат за христијаните. Но девет од нив се повторуваат во Новиот завет (т.е сите без заповедта за почитување на саботниот ден). Јасно е дека ако ние го сакаме Бога нема да се поклонуваме на други богове ниту на идоли. Ако ги љубиме ближните, тогаш нема да ги убиваме, нема да ги лажеме, нема да правиме прељуба, нема да го посакуваме она што е нивна сопственост. И така, ние не треба да се покоруваме на ниту еден од старозаветните закони. Ние треба да ги љубиме Бог и нашите ближни. Ако верно ги исполнуваме овие две работи сè останато ќе си дојде на своето место.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали христијаните треба да го пазат старозаветниот закон?
© Copyright Got Questions Ministries