settings icon
share icon
Прашање

Која била жената на Каин? Дали таа била негова сестра?

Одговор


Во Библијата на се зборува подробно за тоа која била жената ба Каин. Единствен одговор е дека таа била негова сестра или внука или правнука и т.н. Во Библијата не се зборува подробно за тоа колку години имал Каин кога го убил својот брат Авел (Битие 4:8) Со сигурност биле зрели, возрасни луѓе со свои сопствени семејства, зашто во Библијата се зборува дека и двајцата биле земјоделци. Со сигурност Адам и Ева имале и други деца кога Каин го убива Авел. Со сигурност може да се каже, дека и после тоа тие имале други деца (Битие 5:4) Фактот, дека Каин се плаши за својот живот откако го убива Авел (Битие 4:14), покажува дека тогаш Адам и Ева имале уште многу други деца, а можеби и внуци и правнуци. Жената на Каин (Битие 4:14) била ќерка или внука на Адам и Ева.

Поради тоа што Адам и Ева биле првите (и единствени) човечки суштества по тоа време, нивните деца немале друг избор освен да се женат помеѓу себеси. Бог не им забранил на луѓето да се женат помеѓу себе, и покрај тоа што биле роднини, додека на земјата не се размножиле доволно луѓе и тоа веќе не било потребно (Левит 18:6-18) Причината, поради која кај децата, кои се раѓаат во резултат на крвно мешање, често пати се среќаваат аномалии е, кога двајца луѓе со слични гени (на пр. брат и сестра) имаат деца, веројатноста кај децата да се покажат истите генетски грешки, што ги имаат родителите, е многу поголема. Генетскиот код на човекот доста се „извалкал“ преку сите овие векови, зашто генетските грешки се умножувале, зголемувале и се предавале од поколение на поколение. Адам и Ева немале никакви генетски дефекти, кое има дало можност на нив како и на децата после нив, да бидат многу поздрави од нас денешните луѓе. Точно затоа за нив не претставувало проблем да се женат помеѓу себе, без разлика на нивната роднинска врска. Возможно е да ни се стори чудно или одвратно, кога ќе си помислиме, дека жената на Каин е негова сестра. Во почетокот Бог создал една жена и еден маж и нивните потомци немале друг избор освен да се женат помеѓу себе.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Која била жената на Каин? Дали таа била негова сестра?
© Copyright Got Questions Ministries