Прашање
Дали Библијата содржи грешки, контрадикции или отстапувања?
Одговор
Ако ја читаме Библијата по номинална вредност, без однапред со пристрасност за наоѓање грешки, ќе видиме дека е доследна, цврста, и релативно лесна разбирлива книга. Да, постојат некои тешки пасуси. Да, постојат стихови кои изгледаат дека се контрадикторни едни кон други. Треба да запаметиме дека Библијата е пишувана од страна на приближно 40 различни автори во период од околу 1500 години. Секој автор пишувал со различен стил, на различна публика, за различна цел. Треба да очекуваме некои мали разлики. Сепак, разликата не е контрадикција. Грешка е само ако не постои апосолутно никаков можен начин стиховите или пасусите да се усогласуваат. Дури и ако одговорот не е достапен во моментот, тоа не значи дека одговорот не постои. Многумина пронајделе наводна грешка во Библијата во однос на историјата или географијата само да откријат дека Библијата е точна откако се откриени уште повеќе археолошки докази.
Често добиваме прашања од типот на “Објасни како овие стихови не се контрадикторни!“ или “Погледнете, еве грешка во Библијата!“ Очигледно, некои од работите кои луѓето ги прашуваат е тешко да се одговорат. Сепак, наше тврдење е дека има остварливи и интелектуално веродостојни одговори на секоја наводна контрадикција или грешка во Библијата. Постојат книги и веб-страници достапни кои наведуваат “сите грешки во Библијата.“ Повеќето луѓе единствено од таму го добиваат нивното оружје; но тие не ги пронаоѓаат наводните грешки од самите себеси. Исто така, постојат книги и веб-сајтови на располагање, кои ги отфрлаат или побиваат овие наводни грешки во Библијата. Најтажната работа е дека повеќето луѓе кои ја напаѓаат Библијата не се навистина заинтерсирани за одговорот. Многу “Напаѓачи на Библијата“ се дури и свесни за овие одговори, но и покрај тоа тие продолжуваат да ги користат истите плитки напади одново и одново.
Па, што треба да правиме кога некој ни пристапува со наводна грешка во Библијата? 1) Во молитва проучувај ја Библијата и види дали постои едноставно решение. 2) Истражувај користејќи некои од добрите библиски коментари, “Книги за одбрана на Библијата,“ и библиски веб-сајтови за истражување. 3) Побарајте од вашите пастори/црковни лидери да видат дали тие можат да најдат решение. 4) Ако после овие чекори сеуште нема јасен одговор, ако 1), 2), 3) се следени, ние веруваме дека Бог и Неговиот Збор се вистина и дека постои решение кое сеуште не е остварено (2 Тимотеј 2:15, 3:16-17).
English
Дали Библијата содржи грешки, контрадикции или отстапувања?