Дали на ист Бог се поклонуваат христијаните и муслиманите?




Прашање: Дали на ист Бог се поклонуваат христијаните и муслиманите?

Одговор:
Одговорот на ова прашање зависи од тоа што се подразбира под тоа „Ист Бог“. Не може да се одрече тоа дека христијаните и муслиманите имаат приближни разбирања за Бог. Според двете сфаќања Бог е апсолутен, суверен, семоќен, знае сè, се присутен, свет, справедлив и праведен. И исламот и христијанството веруваат во еден Бог, Кој е Создател на целата вселена. Од оваа гледна точка и христијаните и муслиманите се поклонуваат на ист Бог.

Во исто време има значајни разлики помеѓу христијанското и муслиманското разбирање за Бога. Додека муслиманите прифаќаат дека Алах има карактеристики како: љубов, милост и благодат, тој не ги открива тие свои карактеристики по начинот, по кој Богот на христијаните го прави тоа. Најголемата разлика во разбирањето на Бога при христијаните и муслиманите е концепцијата за тоа како Бог се раѓа во тело. Христијаните веруваат дека Бог стана човек во лицето на Исус Христос. Муслиманите тврдат дека такво едно тврдење е крајно богохулство. Тие никогаш не би ја прифатиле идејата дека Алах може да стане човек, за да умре за гревовите на човештвото. Верата, дека Бог се раѓа во личноста на Исус Христос стои во основата на христијанското разбирање за Бога. Бог стана човек за да може да ни сочувствува, дури уште поважно – да го изврши Спасението и опростувањето на гревовите.

Н ист Бог и се поклонуваат христијаните и муслиманите? И да и не. Можеби поправилното прашање би можело да биде: „Дали е возможно и христијаните и муслиманите едновремено да имаат правилно разбирање за тоа каков е Бог?“ На тоа прашање одговорот е Не! Има неколку значајни разлики помеѓу христијанското и муслиманското разбирање за Бог. Не може и двете религии да се во право. Ние веруваме дека христијанството е правилното разбирање за Бога, зашто не може да има спасение ако не е платена цената за нашите гревови. Единствениот начин да се плати казната за нашите гревови е: Бога да стане човек и да умре за нас. (Римјани 5:8; 2 Коринтјани 5:21).


вратете се назад на основната македонкса страница

Дали на ист Бог се поклонуваат христијаните и муслиманите?