Како да го добијам Божјото опростување?
Прашање: Како да го добијам Божјото опростување?
Одговор:
Во Дела 13:38 се кажува: „ И так, мажи браќа, знајте дека прекуОвој ви се известува простување на гревовите.“
Што представува опростувањето и дали ние имаме потрба од него?
Зборот „простувам“ означува да ја избришам страницата, да се извинам, да поништам долг. Кога постапуваме лошо спрема некој, ние имаме потреба од неговата прошка за да се обноват нашите добри взаимоодноси. Прошката не се дава затоа што човекот што згрешил према нас заслужува да му биде простено. Никој не заслужува да му биде простено. Прошката е дело кое е израз на љубов, милост и благодат. Прошката е решение да не се лутиш на некого, независно од тоа што тој ти направил.
Во Библијата се кажува дека сите ние имаме потреба од Божјото простување. Сите ние сме правеле гревови. Во Проповедник 7:20 се кажува: „ На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил.“ Во I Јован 1:8 се кажува: „Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас.“ Но на крајот на краиштата сите гревови се одраз на нашето непокорство спрема Бог (Псалм 51:4). Точно затоа ние имаме неверојатно голема потреба од Божјото опростување. Ако не добиеме опростување ќе треба да ја поминеме целата вечност во постојани страдања како последица од нашите гревови (Матеј 25:46; Јован 3:36).
Простување – Како да го добијам?
За наша радост Господ е љубов и е милостив. Тој силно посакува да ни ги прости гревовите! Во II Петрово 3:9 ни кажува: „ ... Тој го покажува Своето трпение кон вас, зашто не сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание.“ Бог сака да ни прости и затоа ни доставува се што е необходно за тоа да се случи.
Единствената праведна казна за нашите гревови е смрт. Во првата половина на Римјани 6:23 е запишано: „ Зашто смртта е плата за грев...“ Ние ја заслужуваме вечната смрт поради нашите гревови. Но Бог, по својот совршен пал, постана човек - Исус Христос. (Јован 1:1, 14). Така Исус умре на крстот носејќи ја на Себе казната, што ние ја заслужуваме – смрт. II Коринтјани 5:21 не поучува дека: „ Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него.„ Исус умре на крстот така што Тој ја претрпе казната, што ние ја заслужувавме! И поради тоа што Исус е Бог, Неговата смрт е доволна за проштение на гревовите на целиот свет. Во I Јован 2:2 пишува. „Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.“ Исус воскресна од мртвите и ја провозгласи својата победа над гревот и смртта (I Коринтјани 15:1-28). Благодарение на Бога преку смртта и воскресението на Исус Христос, втората половина на Римјани 6:23 исто така постанува реалност: „ ...но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.“
Дали сакаш да ти бидат простени гревовите? Дали го чувствуваш постојаното чувство на вина, од кое што неможеш да побегнеш? Можеш да добиеш опростување на гревовите ако веруваш во Исус Христос како твој Спасител. Во Ефесјаните 1:7 е напишано: „во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат.“ Исус го плати нашиот долг за да ни биде простено. Се што треба да направиш ти е да го помолиш Бог преку Исус да ти прости, верувајќи дека Исус Христос умре за да плати за твоето опростување – и Тој ќе ти прости! Евангелието според Јован 3:16-17 ја содржи во себе таа прекрасна вест: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот единороден Син, та секој, кој верува во него, да не загине, туку да има вечен живот.“
Проштение - Дали навистина е толку лесно?
Да, толку е лесно! Неможеш да го заработиш Божјото опростување. Не можеш да платиш за него. Единствено можеш само да го добиеш со вера, преку благодатта и милоста на Бог. Ако сакаш да Го примиш Исус Христос како свој Спасител и да добиеш опростување од Бог тука ќе ти предложиме една молитва, по која што и ти можеш да се помолиш. Со самото изговарање на оваа или било која друга молитве нема да се спасиш. Единствено довербата во Исус Христос може да ти донесе опростување на твоите гревови. Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог и да Му заблагодариш за проштението, што ти го дава. „Господе знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!
Дали тоа што го прочита до тука те доведе до момент да земеш решение да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот ти е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“
вратете се назад на основната македонкса страница
Како да го добијам Божјото опростување?
|