Дали според Библијата мастурбацијата е грев?




Прашање: Дали според Библијата мастурбацијата е грев?

Одговор:
Никаде во Библијата не се зборува за мастурбацијата, ниту се кажува дали е грев или не. Фактот, дека не се споменува во Библијата не означува дека тоа е нешто правилно и добро. Во Словото се кажува, дека ние како христијани не треба да правиме ништо што дури наликува на сексуална нечистотија. (Ефесјани 5:3) Не разбирам како може мастурбирањето да го издржи овој тест. Понекогаш добар начин да разбереш дали едно нешто е добро или не е да се запрашаш: Дали би се гордеел да го раскажеш тоа, што си го направил на другите. Ако е нешто, од кое ќе се засрамите, тогаш по секоја веројатност станува збор за грев. Друг начин да проверите, е да видите дали можете искрено да Го помолите Бога да го благослови и да го искористи тоа конкретно дејство за Своите добри цели. Мислам дека мастурбацијата не е нешто, со што можеме да се гордееме или за кое можеме искрено да му заблагодариме на Бога.

Библијата не учи: „Според тоа, јадете ли, пиете ли, или ако правите нешто друго, правете сè за Божја слава.“ (1 Коринтјани 10:31) Ако дури и најмалку се сомневаме дали дадено нешто е угодно на Бога, подобро е да се откажеме од него. Сос сигурност можеме да имаме сериозни сомнежи за богоугодноста на мастурбацијата. „ ...а сè што не е од вера, грев е.“ (Римјани 14:23) Не гледам како, според Библијата, мастурбацијата може да се смета за нешто, што Го прославува Бог. Покрај тоа треба да помниме, дека и нашите души и нашите тела се искупени и Му припаѓаат на Бог. „Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого Го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси. Зашто скапо сте купени. И така прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.“ (1 Коринтјани 6:19-20) Оваа голема вистина треба да покаже големо влијание врз тоа каде одиме и што правиме со своите тела. Така да во светлината на овие принципи можам да кажам без сомневање, дека според Библијата мастурбацијата е грев. Не верувам дека мастурбацијата е угодна на Бога, дека има вид на прилично однесување, или дека може да издржи на Божиот тест за тоа да ги контролираме нашите тела.


вратете се назад на основната македонкса страница

Дали според Библијата мастурбацијата е грев?