Дали е библиски потврдена божественоста на Христос?




Прашање: Дали е библиски потврдена божественоста на Христос?

Одговор:
Освен тврдењата, кои Исус сам ги прави за Себе, Неговите ученици исто така ја признаваат Неговата божественост. Тие тврдат дека Исус има право да опростува гревови – што смо Бог може да го направи, зашто Бог е Оној, Кој е засегнат од гревот (Дела 5:13; Колосјани 3:13; Псалм 130:4; Еремија 31:34). Во тесна врска со тоа е и тњрдението, дека Исус е Оној, Кој ќе ги суди живите и мртвите (2 Тимотеј 4:11). Тома се обраќа кон Исус со зборовите: „Мој Господ и мој Бог“ (Јован 20:28). Павле го нарекува Исуса „веклик Бог и Спасител“ (Тит 2:13) и посочува, дека пред да се појави во тело Исус постоел во форма на Бог – „Во Божјо обличје“ (Филипјани 2:5-8). Авторот на Евреите за Исус вели: „Твојот престол, Боже, стои во сите векови.“ (Евреи 1:8) Јован кажува. „Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото (Исус) беше Бог.“ (Јован 1:1) Можеме да добавиме уште многу примери за божественоста на Христос (види Откровение 1:17; 2:8; 22:13; I Коринтјани 10:4; I Петрово 2:6-8; спореди со Псалм 18:2; 95:1; I Петрово 5:4; Евреи 13:20), но само еден од нив е доволен да покаже, дека сите што оделе со Исус Го сметале за Бог.

На Исус исто така се даваат некои титули, кои се посебни и се даваат единствено на Бог Јахве (официјалното има на Бог) во Стариот Завет. Старозаветното име „искупител“(Псалм 130:7; Осија 13:14) се користи за Исус во Новиот Завет (Тит 2:13; Откровение 5:9). Исус е наречен Емануел (Бог со нас, во Матеја 1) Во Захарија 12:10 Јахве кажува: „...И ќе гледаат на Оној, Кого Го прободија.“ Но Новиот Завет го префрла тоа на распнувањето на Исус Христос на крстот (Јован 19:37; Откровение 1:7) Јахве е тој, што е прободен и на Кого што тие гледаат, и Исус е прободен и Оној на Кого што гледаат, значи Исус е Јахве. Во посланието кон Филипјаните, Павле тврди дека Исаија 45:22-23 се однесува за Исус. Исто така името на Исус се користи заедно со името на Јахве во молитвите: „Благодат на вас и мир од Бога , нашиот Татко и од Господа Исуса Христа!“ (Ефесјни 1:2; Галатјани 1:3) Ако Христос не беше Бог, тоа би било богохулство. Името на Исус се појавува заедно со името на Јахве во заповедта за крштевањето на тие што ќе поверуваат: „крштавајќи ги во името (името е во еднина) на Таткото и Синот и Светиот Дух“(Матеја 28:19; види исто и II Коринтјани 13:14). Во Откровение 5:13 се вели дека целото творба го прославува Христос (Јагнето) - тоа значи дека Тој не е дел од творбата.

На Исус му се препишуваат дела што само Бог може да ги направи. Тој не само што воскреснува мртви (Јован 5:21; 11:38-44), опростува гревови (Дела 5:31; 13:38), но Тој ја создал и ја поддржува целата вселена (Јован 1:2; Колосјани 1:16-17)! Тоа е уште посилно, кога ќе се земе во предвид дека Јахве кажува дека бил сам при создавањето на светот (Исаија 44:24). Освен тоа Христос поседува карактеристики, кои се карактерни само за Бога: Тој е вечен (Јован 8:58), непроменлив (Матеја 18:20; 28:20), Тој знае сè (Матей 16:21), Тој е семоќен (Йоан 11:38-44).

Сега, едно е да бидеш Бог или да се обидуваш да измамиш некого, дека си таков, а сосема друго да го докажеш тоа. Христос додава доказ кон своето тврдење, дека е Бог, многу чуда, дури и воскреснување од мртвите. Ете некои од чудата на Христос: ја претвора водата во вино (Јован 2:7), оди по водата (Матеја 14:25), умножува физички тела (Јован 6:11), исцелува слепи (Јован 9:7), куци (Марко 2:3) и болни (Матеја 9:35; Марко 1:40-42), ), и дури воскреснува луѓе од мртвите (Јован 11:43-44; Лука 7:11-15; Марко 5: 35).

Освен тоа и Самиот Тој воскреснува од мртвите. Другите религии немаат сериозни претенции кон воскресението, кое доста Го различува Исус од така наречените богови, кои умираат и воскреснуваат во паганската митологија. Никое друго тврдење за воскресение не е така убедливо докажано од други небиблиски извори. Според Др. Гари Хабермас постојат најмалку дванаесет историски факти, кои дури и критично насочените научници – нехристијани, мораат да ги признаат.

1. Исус умре, кога беше распнат на крстот.
2. Тој беше погребан.
3. Неговата смрт е причина Неговите ученици да се разочараат и да загубат надеж.
4. Неколку дена покасно гробот на Исус е најден (или се тврди дека е најден) празен.
5. Учениците веруваат дека воскреснатиот Исус им се јавува неколкупати.
6. После тоа Неговите ученици се променети – од луѓе што се сомневаат стануваат верници.
7. Таа порака е центарот на тоа, што се проповеда во раната црква.
8. Таа порака се проповеда во Ерусалим.
9. Како резултат на таа проповед се раѓа и расте Црквата.
10. Денот на воскресението недела ја заменува саботата (сабат) како основен ден за поклонение.
11. Јаков, кој е голем скептик, исто така се обраќа, зашто и тој верува дека Го виде воскреснатиот Исус.
12. Павле, кој во почетокот е голем непријател на христијанството, исто така се обраќа, зашто и тој смета дека му се јавил воскреснатиот Исус.

Дури и да се појават сомнежи против некое од овие конкретни тврдења, само неколку од нив се доволни за да го докажат воскресението на Исус Христос докажат и да ја вистинитоста на Евангелието: смртта, погребувањето, воскресението, јавувањата на Исус (I Коринтяни 15:1-5). И покрај тоа што постојат теории, кои даваат објаснување на еден или два од горните факти, единствено воскресението може да ги објасни и да им даде адекватен одговор. Критичарите признаваат дека учениците тврделе, дека Го виделе воскреснатиот Исус. Ниту лаги ниту халуцинации не можат да ги преобратат така луѓето, како што го прави тоа воскресението. Прво: Каква би им била користа да го прават тоа? Христијанството не било популарно, и тие со сигурност не заработиле никакви пари од тоа, дека станале Христови следбеници. Второ: Од лажговците никогаш не може да постанат добри маченици? Нема подобар одговор за воскресението од готовноста на учениците да умрат дури и со најмаченичка смрт поради својата вера. Да, навистина многу луѓе умираат заради лаги, кои тие ги сметаат за вистина, но никој не умира за нешто, за кое знае дека не е вистина.

Како заклучок. Христос тврди дека е Јахве, дека е Бог (не едноставно еден од многуте богови, но Вистинскиот Бог). Неговите следбеници 9евреи, кои би биле одвратени од идејата за идолопоклонство) Му верувале и се однесувале кон Него како кон Бог. Христос ги докажува своите тврдења дека е Бог, со чуда, така што едно од нив е и воскресението, кое го променува светот. Никоја друга хипотеза не може да ги објасни овие факти.


вратете се назад на основната македонкса страница

Дали е библиски потврдена божественоста на Христос?