Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин?




Прашање: Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин?

Одговор:
Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин? Стандартниот цитат од Библијата, што одговара на тоа прашање е Јован 3:1-21. Таму се разкажува како Господ Исус Христос разговара со Никодим – познат фарисеј и член на Синедрионот (Врховно собрание и суд на евреите). Никодим доаѓа при Исус преку ноќ, за да му постави некои прашања.

Додека разговараа, Исус му рече: „ Вистина, вистина ти велам, ако некој не се роди одозгора, тој не може да го види Божјото Царство.“ Никодим Му рече: „Како може да се роди човек, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата нај мајка си и да се роди?“ Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, тој не може да влезе во Божјото Царство. Роденото од тело, тело е; а роденото од Дух, дух е. Не чуди се што ти реков: треба да се родите одозгора.“ (Јован 3:3-7).

Зборот „наново роден“ буквално означува „роден одозгора“. Никодим навистина има потреба од нешто, има потреба од ново срце, од духовна трансформација. Новораѓањето е Божјо дело, во кое се дава вечен живот на човекот, што верува (II Коринтјани 5:17; Тит 3:5; I Петрово 1:3; I Јован 2:29; 3:9; 4:7; 5:1-4, 18). Во Јован 1:12, 13 се посочува, дека идејата за новото раѓање ја содржи во себе и идејата да „постанеш Божјо дете“ преку верата во Исус Христос.

И тука сосема нормално се појавува прашањето: „Зошто човек има потреба да се раѓа одново?“ Во Ефесјани 2:1 апостол Павле пишува: „И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови...“ Во Посланието до Римјаните 3:23 апостолот пишува: „зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава..“ Ете затоа човек има потреба да се роди наново - за да му бидат простени гревовите и за да има меѓусебни односи со Бог.

Како може да се случи тоа? Во Ефесјани 2:8, 9 се тврди: „Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар, не од делата, за да не се фали некој.“ Кога некој е спасен, тогаш тој/таа се раѓа наново, духовно се обновува и постанува Божјо дете , согласно со неговото ново право по раѓање. Да се „родиш наново – духовно“ означува да поверуваш во Исус Христос, Кој ја плати казната за гревот кога умре на крстот. „И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание...“(II Коринтјани 5:17а)

Ако Му веруваш на Исус Христос како твој Спасител, ќе се замислиш ли врз тоа, што Светиот дух ти зборува во срцето? Ти треба да се родиш наново. Дали би сакал да се молиш ли со молитва на покајание? Дали сакаш уште денес да постанеш ново создание во Христос? „ А на сите, кои Го примија, има даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име; кои не се родија ниту од крв, ниту од телесна похот, ни од волја на маж, туку од Бога.“ (Јован 1:12, 13)

Ако сакаш да Го прифатиш Исус Христос за твој Спасетел, тука ти предложуваме една едноставна молитва. Самото изговарање на овие зборови нема да те спаси. Единствено верата во Исус Христос ќе те спаси од твоите гревови! Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог и да Му заблагодариш за спасението, што ти го дава. „Боже знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!“

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“


вратете се назад на основната македонкса страница

Што значи тоа да бидеш наново роден христијанин?