Што представува молитвата на грешникот?




Прашање: Што представува молитвата на грешникот?

Одговор:
Молитвата на грешникот е молитва, со која човек се моли кога ќе разбере дека е грешник и има потреба од Спасител. Самата молитва на грешникот не може да постигне ништо. Молитвата може да биде ефикасна единствено, кога навистина го представува тоа што човекот го знае, го разбира и го верува за својата грешна природа, како и за потребата од Спасител.

Првата страна на молитвата на грешникот е разбирање дека сите сме грешни. Римјани 3:19 тврди: „Како што е напишано: „Нема никој праведен, нема ниту еден.““ Во Библијата многу јасно ни се кажува дека ние сме згрешиле. Сите сме грешници и имаме потреба од Божјата милост и простување (Тит 3:5-7). Ние залсужуваме вечна казна заради нашите гревови (Матеј 25:46). Молитвата на грешникот е покана за благодат наместо за осудување, молба да се добие милост а не гнев.

Втората страна на молитвата на грешникот е разбирањето за тоа, што Бог направил за да нè одкупи од нашата тажна и грешна состојба. Бог постана материјален, постана човечко суштество во личноста на Исус Христос (Јован 1:1, 14). Исус ги поучуваше луѓето за вистините за Бога и живееше еден праведен и безгрешен живот (Јован 8:46; 2 Коринтјани 5:21). Исус умре на крстот наместо нас, ја претрпе казната, што ние ја заслужуваме (Римјани 5:8). Исус воскресна од мртвите и докажа, дека го победи гревот, смртта и пеколот (Колосјани 2:15; 1 Коринтјани 15 гл.). Како резултат на сето тоа, ние можеме да добиеме опростување на нашите гревови и можеме да го добиеме дарот – вечен живот во рајот, само ако веруваме во Исус Христос. Се што треба да направиме е да веруваме дека Тој умре наместо нас и воскресна од мртвите (Римјани 10:9-10). Ние можеме да бидеме спасени единствено по благодат, единствено преку вера, единствено во Исус Христос Во Ефесјани 2:8 е напишано: „Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа е Божји дар.“

Изговарањето на молитвата на грешникот е само еден начин да декларираш пред Бог, дека се надеваш и веруваш на Исус Христос како твој Спасител. Нема „волшебни“ зборови, што даваат спасение. Единствено верата во смртта и воскресението на Исус Христос може да нè спаси. Ако знаеш дека си грешник и имаш потреба од спасение преку Исус Христос, тука ја запишавме молитвата на грешникот, со која можеш да се помолиш пред Бог: „Боже знам дека сум грешник. Знам дека заслужувам да ги сносам последиците од моите гревови. Но јас се доверувам на Исус Христос како мој Спасител. Верувам дека Неговата смрт и воскресение ми даваат опростување на гревовите. Се доверувам само на Исус како мој Господ и Спасител. Ти благодарам Господе за тоа, што си ме спасил и си ми простил! Амин.“

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“


вратете се назад на основната македонкса страница

Што представува молитвата на грешникот?