Како да разберам што е Божјата волја за мојот живот?




Прашање: Како да разберам што е Божјата волја за мојот живот?

Одговор:
Има две основни работи, што треба да ги знаеме, за да ја разбереме Божјата волја за определена ситуација: (1) Треба да си сигурен, дека тоа за што се молиш или сакаш да го направиш не е нешто, што Библијата го забранува. (2) Увери се, дека тоа за што се молиш или сакаш да го направиш, ќе Го прослави Бога и ќе ти помогне да пораснеш духовно. Ако овие два услова се исполнети и покрај тоа Бог не ти одговара на твојата молитва, тогаш најверојатно не е Божја волја да го имаш тоа, за што се молиш, или можеби, треба да почекаш малку подолго време за да го добиеш. Обично луѓето сакаат Бог да им покаже што да прават, каде да работат, каде да живеат, за кого да се оженат/омажат и т.н. Во Римјани 12:2 ни се кажува: „Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна и совршена Божја волја!“

Бог многу редко им дава на луѓето таква информација. Тој ни дозволува сами да земаме одлуки за такви прашања. Единствената одлука, што Бог не сака ние да ја земаме е одлуката да грешиме или да се спротивставиме не Неговата волја. Тој сака ние да земаме одлуки, кои се во склад со Неговата волја. И така, како можеш да ја разбереш Божјата волја за тебе? Ако имаш близки взаимоодноси со Бога и навистина сакаш Неговата волја да го исполни твојот живот, Бог ќе ги постави Своите желби во твоето срце. Клучот за тоа е да ја посакуваш Божјата волја а не твојата: „Сета твоја радост нека да биде во Господа: Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце!“ (Псалм 37:4) Ако во Библијата не се кажува ништо против тоа, за кое се молиш, и ако тоа навистина може да помогне за твојот духовен растеж, тогаш Библијата ти „дозволува“ да земаш одлуки и да го следиш своето срце.


вратете се назад на основната македонкса страница

Како да разберам што е Божјата волја за мојот живот?