Што вели Библијата за хомосексуалноста? Дали хомосексуалноста е грев?




Прашање: Што вели Библијата за хомосексуалноста? Дали хомосексуалноста е грев?

Одговор:
Во Библијата, едно по друго, се зборува за тоа дека хомосексуалноста е грев (Левит 19:1-13; Левит 18:22; Римјани 1:26-27; I Коринтјани 6:9). Во Римјани 1:26-27 се зборува конкретно, дека хомосексуалноста е резултат од откажување од Бог и непокорност кон Него. Кога човек започнува да греши и да живее во неверие, во Библијата се кажува, дека Бог го „предава“ на уште поголеми нечесни и развратени дела, за да му ја покаже, дека нема никаква смисла и надеж во еден таков живот одделен од Бог. В I Коринтјани 6:9 се тврди, дека „хомосексуалците“ нема да го наследат Божјото Царство.

Бог не го создава човекот со хомосексуални желби. Во Библијата се вели, дека човекот постана хомосексуален како резултат од неговиот грев (Римлјани 1:24-27) и како резултат на неговиот слободен избор. Возможно е да се роди човек со поголема податливост кон хомосексуалноста, исто како што се раѓаат луѓе, кои се повеќе склони кон насилство и други гревови. Тоа не го оправдува човекот, кој избира да греши и се предава на своите грешни желби. Дали е правилно ако човек се роди со поголема склоност кон јарост и гнев, да се предаде на тие желби? Се разбира не! Истото се однесува и за хомосексуалноста.

И покрај тоа, во Библијата не се кажува дека хомосексуалноста е „поголем“ грев од другите гревови. Сите гревови се одвратни пред на Бога. Хомосексуалноста е само еден од гревовите, изброени во I Коринтјани 6:9-10, кои се пречка на луѓето по патот кон Божјото Царство. Според Библијата, Божјото опроштение е достапно и за хомосексуалците исто толку, колку и на тие што вршат: прељуба, идолопоклонство, кражби и т.н. Бог, исто така, им ветува победа над гревот, вклучително и над хомосексуалноста, на сите, кои ќе поверуваат во Исус Христос за своето спасение (I Коринтјани 6:11; II Коринтјани 5:17).


вратете се назад на основната македонкса страница

Што вели Библијата за хомосексуалноста? Дали хомосексуалноста е грев?