Што е тоа „Четири духовни закони“?




Прашање: Што е тоа „Четири духовни закони“?

Одговор:
Четирите духовни закони се начини како да се сподели добрата вест за спасението, што е достапно на сите луѓе преку вера во Исус Христос. Тоа е еден едноставен начин да се состави во четири главни точки најважната информација од Евангелието.

Првиот од четирите духовни закони е: „Бог те љуби и има прекрасен план за твојот живот“. Во Јован 3:16 се кажува: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот единороден Син, та секој, кој верува во него, да не загине, туку да има вечен живот.“ Во Јован 10:10 е дадена причината, зошто Исус доаѓа на земјата: „Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно“ Што ни го попречува патот кон Божјата љубов? Што е тоа што ни пречи да имаме изобилен живот?

Вториот од четирите духовни закони е: „Човештвото е расипано од гревот и заради тоа е одделено од Бог. Резултатот од тоа е, дека ние не можеме да го знаеме каков е Божјиот прекрасен план за нашиот живот.“ Римјани 3:23 дава потврда на таа информација: „ ... зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава.“ Во Римјани 6:23 се претставени последиците од гревот: „зашто смртта е плата за гревот“.Бог не создаде за да бидеме во постојани добри односи со Него. Но човекот згреши и заради гревот тој е одделен од Бог. Ние ги разрушивме добрите односи, што Бог сака да ги има со нас. Каков е излезот од таа ситуација?

Третиот од четирите духовни закони е „ Исус Христос е единствениот начин, што Бог го замислил, за да ги избрише нашите гревови. Преку Исус Христос нашите гревови ќе бидат простени и ние ќе можеме да ги обновиме нарушените добри односи со Бог.“ Во Римјани 5:8 ни се кажува дека: „Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ I Коринтјани 15:3-4 ни го кажува тоа, што треба да го знаеме и да веруваме, за да бидеме спасени: „...дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата, и дека е погребан и дека воскресна на третиот ден, според Писмата...“ Исус Христос Самиот кажува за Себе во Јован 14:6, дека Тој е единствениот пат за спасение на луѓето: „Ја Сум Патот, и вистината, и Животот. Никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“ Како и јас да го добијам прекрасниот дар –спасението?

Четвртиот од четирите духовни закони е: „Ние треба да ја насочиме нашата вера кон Исус Христос како наш Спасител, да го добиеме дарот – спасението и да разбереме каков е Божјиот прекрасен план за нашиот живот.“ Во Јован 1:12 се опишува како може да се случи тоа: „А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име.“ Во Дела 16:31 е кажано многу јасно: „Верувај во Господа Исуса и ќе се спасиш ....“ Ние можеме да се спасиме единствено по благодат и единствено преку вера во Исус Христос (Ефесјани 2:8-9).

Ако сакаш да Му се довериш на Исус Христос како твој Спасител, кажи Му ги на Бог овие зборови. Самото изговарање на овие зборови нема да те спаси. Верата во Исус Христос ќе те спаси! Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог и да Му заблагодариш за простувањето што ти го дава. „Господе знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“


вратете се назад на основната македонкса страница

Што е тоа „Четири духовни закони“?