Дали има библиско потврдување за сигурноста на вечниот живот?




Прашање: Дали има библиско потврдување за сигурноста на вечниот живот?

Одговор:
кога луѓето Го запознаваат Исус Христос како свој Спасител, тогаш тие градат односи со Бога кои им го гарантираат вечниот живот. Во Јуда 24 се кажува: „а на Оној, Кој може да ве запази од сопнување и да ве постави непорочни во радосно воскликнување пред Својата слава...“ Божјата сила може да го запази верникот од сопнување. Не од нас но од Бога зависи, тоа дали ќе не постави во Своето славно присуство. Нашата сигурност за вечниот живот е како резултат на тоа, дека Бог не пази, а не зошто ние успеваме да го запазиме нашето спасение.

Господ Исус Христос кажува јасно: „Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. Мојот Татко, Кој Ми ги даде е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко.“ (Јован 10:28, 29) И Исус и Таткото нè држат здраво во Својата рака. Кој може да нè грабне од раката на Таткото и на Синот?

Ефесјаните 4:30 ни кажува дека верниците се „запечатени за денот на избавувањето“. Ако вечниот живот на верниците не им е осигурен, тогаш печатот не би можел да биде за денот на избавувањето, а само за денот на согрешувањето, на отстапувањето, на безверието. Јован 3:15, 16 ни кажува дека секој, кој ќе поверува во Исус Христос ќе има вечен живот. Ако на некој му се вети вечен живот а потоа му се одземе, тоа означува дека тој никогаш не бил вечен. Ако вечниот живот за христијанинот не е нешто сигурно, тогаш ветувањата за него во Библијата треба да бидат сметани за невистини.

Најсигурниот аргумент во полза на ветувањето на вечниот живот се наоѓа во Римјани 8:38-39 „Зашто сум уверен дека ни смртта ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса нашиот Господ.“ Сигурноста на вечниот живот се базира на Божјата љубов кон оние, кои ги искупил. Таа сигурност е извојувана од Христос, ветена од Таткото и запечатена од Светиот Дух.


вратете се назад на основната македонкса страница

Дали има библиско потврдување за сигурноста на вечниот живот?