Што се кажува во Библијата за разводот и за стапување во друг брак?




Прашање: Што се кажува во Библијата за разводот и за стапување во друг брак?

Одговор:
На прво место, независно од тоа што мисли човек за бракот, многу важно е да ги помниме зборовите запишани во Малахија 2:16а „ Зашто Јас о мразам напуштањето на жената – зборува Господ, Израелевиот Бог...“ Според Библијата, Божјата намера е бракот да биде посветување за целиот живот. „Така што веќе не се двајца туку едно тело. И така што Бог соединил, човек да не разделува!“ (Матеј 19:6) Но Бог знае, дека штом во бракот ќе учествуваат две грешни човечки суштества тогаш ќе има и разводи. Во Стариот завет Бог поставил некои закони, кои ги заштитуваат правата на разведените, особено на жените. (Второзаконие 24:1-4) Исус кажува, дека тие закони биле дадени поради закоравеното срце на луѓето, а не зашто Бог го сакал тоа (Матеј 19:8).

Спорот за тоа, дали во Библијата се дозволени разводот и склучувањето на друг брак, се однесува за зборовите на Исус во Матеј 5:32 и 19:9. Фразата „освен за прељубодејство“ е единственото место во Библијата, каде што ,навидум, Бог го дозволува разводот и повторното женење. Многу истражувачи мислат дека под таа „фраза - исклучок“ треба да се подразбира изневерување по времето на „свршувачката“. Луѓето во еврејската традиција ги сметале мажот и жената за женети, уште по времето на свршувачката. Така да, единствената основателна причина за развод е покажување на аморалност уште по времето на свршувачката.

Со грчкиот збор, што се преведува како „неверност на сопрузите“, може да се опише секаков вид на сексуална аморалност. Може да означува блудство, проституција, прељубодејство и т.н. Затоа, и најверојатно, зборовите на Исус означуваат, дека може да има развод при ситуација, кога има пројава на сексуална аморалност. Сексуалните односи се неразделен дел од семејната врска – „и обата ќе бидат едно тело“ (Битие 2:24, Матеј 19:5; Ефесјани 5:31). И затоа нарушувањето на таа врска со сексуални односи надвор од бракот, може да се смета за како доволна причина за развод. Ако е така тогаш Исус тука зборува и за женењето одново. Фразата „и се ожени за друга“ (Матеј 19: 9) покажува, дека разводот и повторниот брак се дозволени во случаите, кои припаѓаат во таа „фраза- исклучок“, независно од тоа како се толкува таа. Важно е да обратиме внимание на тоа, дека единствено на партнерот, кој не согрешил, му се дозволува да се ожени / омажи повторно. И покрај тоа, што не се посочува директно во текстот, повторниот брак претставува Божја милост спрема оној, кон кого е согрешено, а не кон оној кој му изневерил. Возможно е да постојат случаи во кои и на виновниот партнер да му се дозволува да стапи во брак повторно, но тука не се зборува за тоа.

Некои го разбираат I Коринтјани 7:15 како друг „исклучок,“ кој дозволува вклучување на друг брак – кога неверен брачен партнер се разведе од верен брачен партнер. Но во контекстот на овој стих не се споменува склучување на нов брак, но се кажува дека верникот не е должен да го продолжи својот брак, ако неговиот необратен партнер сака да го напушти. Некои, пак, тврдат дека насилство (врз партнерот или дете) е добра причина за развод, но тоа не е запишано во Библијата. Макар да е возможно тоа да е вистина, ние никогаш не треба да си дозволуваме да го толкуваме Божјото Слово како што ќе ни падне.

Понекогаш се губиме во дебатирање за „фразата – исклучок“, ние забораваме што означува „изневерување од страна на сопругот“, тоа го дозволува разводот но не го бара. Дури и кога зборуваме за прељуба, можно е, со Божјата милост, брачните партнери да си простат еден на друг и да започнат да го градат својот брак наново. Бог ни опростува многу повеќе. Ние со сигурност можеме д Го следиме Неговиот пример и да го простиме гревот на прељубата. (Ефесјани 4:23) Но во многу случаи брачниот партнер не се покајува и продолжува да покажува сексуална аморалност. Веројатно тоа е еден од случаите во кој што може д се примени Матеј 19 :9. многу луѓе претерано брзо сакаат да се оженат повторно откако се развеле, а постои возможност Бога да сака тие да останат бессемејни. Понекогаш Бог повикува некој да остане бессемеен, за да му биде насочено неговото внимание единствено кон Бога (I Коринтјани 7:32-35). Стапување во брак со друг човек може да постои како варијанта во дадени ситуации, но не е единствената возможност.

Процентот на разводи меѓу луѓе, кои се „сметаат“ себеси како христијани е тревожен и е толку голем, колку и меѓу неверните. Од Библијата станува јасно дека Бог ги мрази разводите (Малахија 2:16) и дека животот на христијанинот треба да се осликува со помирување и опростување (Лука 11:4; Ефесјани 4: 32). Покрај тоа Бог признава, дека ќе има разводи – дури и помеѓу Неговите деца. Разведениот и/или оној верник, кој повторно стапил во брак, не треба да се чувствува помалку сакан од Бога, дури и ако разводот или новиот брак не бил издиктиран од “фразата – исклучок“ во Матеј 19:9. Бог многу често го користи дури и погрешното потчинување на христијанинот, за да постигне нешто исклучиво добро.


вратете се назад на основната македонкса страница

Што се кажува во Библијата за разводот и за стапување во друг брак?