Кој е Светиот Дух?




Прашање: Кој е Светиот Дух?

Одговор:
Постојат многу неправилни разбирања за идентитетот на Светиот Дух. Некои Го разгледуваат како мистична сила. Некои други мислат дека Тоа е една безлича сила, што Бог ја дава на своите следбеници. Но што кажува Библијата за идентитетот на Светиот Дух. Со едноставни зборови Библијата ни кажува дека Светиот Дух е Бог. Исто така Библијата ни кажува дека Светиот Дух е Личност – Суштество, Кое поседува интелект, емоции и волја

Во многу стихови во Библијата, вклучително и во Дела 5:3-4, јасно се гледа фактот, дека Светиот Дух е Бог. Во тие стихови Петар се спротивставува на Ананија, зашто Го излага Светиот Дух и му кажува: „Не ги излага луѓето, туку Бога!“ Тоа јасно покажува, дека да го излажеш Светиот Дух е исто како да Го излажеш Бог. Можеме да разбереме дека Светиот Дух е Бог, зашто Тој ги поседува сите карактеристики и црти на Бога. Фактот дека Светиот дух е сеприсутен се гледа јасно во Псалм 139:7-8 : „Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице? Ако се вознесам на небото: таму си, ако легнам во подземјето: и таму си.“ Во I Коринтјани 2:10, 11 ја гледаме другата карактеристика на светиот Дух – Тој знае сè: „А Бог ни го откри тоа нам преку Духот, зашто Духот испитува сè, па дури и Божјите длабочини. Зашто, кој од луѓето знае што е во човекот, освен човечкиот дух, кој е во него? Така никој не знае што има во Бога, освен Божјиот Дух.“

Можеме да бидеме сигурни дека Светиот Дух е навистина личност, зашто Тој поседува интелект, емоции, волја. Светиот Дух мисли и има знаење (I Коринтјани 2:10). Светиот Дух може да биде нажалостен (Ефесјани 4:30). Духот ни помага (Римјани 8:26-27). Светиот Дух одлучува според Својата волја (I Коринтјани 12:7-11). Светиот Дух е Бог, „Третото“ лице на Триединниот Бог. Поради тоа што Тој е Бог, Тој може да работи како Утешител и Советник, како што ни вети Исус Христос, дека сто тоа ќе се случи (Јован 14:16,26; 15:26).


вратете се назад на основната македонкса страница

Кој е Светиот Дух?